• РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961
retina-logo_retretina-logo_retretina-logo_retretina-logo_ret
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
FAN SHOP
✕
Аларов: Во Охрид одиме со мирна глава и мотивирани
17/02/2023
Карапалевски: Сите се вклопуваат во системот и играме се подобро
22/02/2023

Вардар се враќа триумфално од Охрид

18/02/2023

По третпат сезонава Вардар го победи Охрид во меѓусебните дуели во првенството. Во првиот меч од плејофот “црвено-црните“ триумфираа на гости во Охрид со 27-23 (15-12) и остануваат на првото место на табелата.

Вардар имаше одличен почеток и крај, и кога беше потребно ја зачува предноста што ја имаше во текот на целиот натпревар.

Вардар тргна силно и уште на самиот почеток направи предност од 4-1 по што тренерот на домашните Горан Андоновски беше приморан да побара тајмаут. Охрид се обиде да смени во напад, да игра со седум играчи во пол, но и тоа не им донесе предност, бидејќи по грешка на нападот на Охрид, празниот гол го погоди Филип Талески. Во 18 минута Гоце Георгиевски му го донесе највисокото водство на актуелниот шампион, 8-2, а веднаш потоа Мартин Томовски ја оствари седмата успешна интервенција.

Вториот дел од првото полувреме, домашните го искористија за брзи голови, и полека да ја намалат разликата која дојде до три гола, 12-9 во 27 минута. Со голот на Стефан Дрогришки од пенал во последната секунда, Охрид намали на 15-12.

Во второто полувреме во 38 минута преку Гоце Георгиевски, Вардар имаше „плус 5“ и водство од 18-13. Но, потоа следуваше период на пад на концентрацијата и тоа го искористи Охрид кој направи серија од 7-3 со што дојдоа до негатива од 20-21.Тоа беше момент кога Владо Недановски побара тајмаут.

Зголеми Вардар на 23-21, а во 55 минута домаќините намалија на 22-24. По два напади прокоцкаа двата тима, а потоа Куни Моралес со еден проектил зголеми на 25-22 како најава и потврда на победата.

Филип Талески постигна 8 гола, а Дејан Манасков 5 гола.

СТАТИСТИКА ОД МЕЧОТ: Ohrid – Vardar 23-26

Сподели

Повеќе објави

21/03/2023

Заедничко соопштение на Вардар и Еурофарм Пелистер пред дербито во недела


Повеќе
20/03/2023

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Еурофарм Пелистер


Повеќе
19/03/2023

Вардар со убедлив триумф против Скопје до Ф4 во Купот


Повеќе
18/03/2023

Талески со 11 гола за триумф на Вардар од Купот


Повеќе
17/03/2023

Мишевски: Со одбрана и брз трансформација во нападот до триумф над Охрид


Повеќе
04/03/2023

Манасков со 13 гола во Битола – Вардар максимален во плејофот


Повеќе
27/02/2023

Вардар на мегдан со Партизан за прво место во групата во СЕХА-Газпром лигата


Повеќе
24/02/2023

Манасков со 11 гола за 30 минути – Вардар со трет триумф по ред во плејофот


Повеќе

АДРЕСА:
С.Ц. Јане Сандански
Бул. АСНОМ бр. 1, 1000 Скопје
Република Македонија



СЛЕДЕТЕ НЕ

© 2023 RK Vardar 1961 | All Rights Reserved
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
FAN SHOP