• РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961
retina-logo_retretina-logo_retretina-logo_retretina-logo_ret
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
FAN SHOP
✕
ВАРДАР – ПРОЛЕТ
13/02/2023
Вардар се враќа триумфално од Охрид
18/02/2023

Аларов: Во Охрид одиме со мирна глава и мотивирани

17/02/2023

По воведниот триумф против Пролет од 30-23, во второто коло од плејофот, ракометарите на Вардар гостуваат во Охрид. Натпреварот е закажан за в сабота (18 февруари 2023) во 18 часот во салата „Билјанини Извори“. Сезонава двата тима играа меѓусебе и во првиот дел од првенството и „црвено-црните“ двапати победија, во Охрид (27-22) и во Скопје (32-25)

И двата тима го почнаа плејофот со триумф, Вардар дома со Пролет, а Охрид на гостински терен во Битола кај Еурофарм Пелистер 2. Во споредба со двата меѓусебни натпревари од групната фаза, сега и Вардар и Охрид имаат изменети состави, и засилувања.

За средбата со Охрид неизвесни во тимот на Вардар се пивотмените Милан Лазаревски и Стефан Атанасовски, кои имаат мали повреди. Пивотменот Михаил Аларов, Велко Марковски, Томислав Јагуриновски и Леонардо Дутра веќе се вклопуваат со играта на „црвено-црните“ и се очекуваат се подобри игри.

„Сакаме да играме пред полни сали, тоа е добро за натпреварите и за екипите, туку и за македонскиот ракомет воопшто. Охрид е добра екипа, се гледа тоа и по позицијата на табелата на која се наоѓаат и по резултатот од првото коло. Во првата полусезона бевме во иста група, одигравме два меча, во Охрид беше тежок натпреварот, а Вардар никогаш не поминал лесно таму. Мислам дека одбраната ќе решава за победникот. Се работи за амбициозна екипа, знае како да го искористи домашниот терен пред својата публика, а сега ќе бидат присутни и нивните навивачи. Ние имаме некои ситни повреди, но се надевам дека ќе одиме комплетни во Охрид“, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.

Одбраната секогаш е таа која ја прави разликата, и му дава шанса на тимот. Во одбраната на Вардар сега почесто има место и за новиот пивотмен Михаил Аларов.

„Во дуелот со Охрид треба да влеземе со мирни глави и мотивирани. Знам дека ќе биде навистина тежок меч, второ коло е, плус Охрид не очекуваат на домашен терен. Мислам дека нивната добра страна е борбеност, многу се борбени и мотивирани, тоа го видовме и во дуелот со Еурофарм Пелистер 2, доста се борбени, имаат мотивација и на домашен терен ќе бидат уште помотивирани. Најголем проблем може да ни прави пикерот, Владимир Бојаниќ, речиси сите акции се обидуваат да бидат преку него, доста ќе треба да се бориме со него, да не дозволиме да трча и да освојува топки, бековите како бекови сакаат на реализираат, исто треба и нив да ги спречиме, но и интернационалците 100% ќе сакаат да се докажат против Вардар и ќе треба нив да ги затвориме. Се надевам на поволен резултат“, вели Михаил Аларов.

На табелата Вардар е прв со 6 бода, а Охрид на делба на делба на третото место со три бода.

Сподели

Повеќе објави

21/03/2023

Заедничко соопштение на Вардар и Еурофарм Пелистер пред дербито во недела


Повеќе
20/03/2023

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Еурофарм Пелистер


Повеќе
19/03/2023

Вардар со убедлив триумф против Скопје до Ф4 во Купот


Повеќе
18/03/2023

Талески со 11 гола за триумф на Вардар од Купот


Повеќе
17/03/2023

Мишевски: Со одбрана и брз трансформација во нападот до триумф над Охрид


Повеќе
04/03/2023

Манасков со 13 гола во Битола – Вардар максимален во плејофот


Повеќе
27/02/2023

Вардар на мегдан со Партизан за прво место во групата во СЕХА-Газпром лигата


Повеќе
24/02/2023

Манасков со 11 гола за 30 минути – Вардар со трет триумф по ред во плејофот


Повеќе

АДРЕСА:
С.Ц. Јане Сандански
Бул. АСНОМ бр. 1, 1000 Скопје
Република Македонија



СЛЕДЕТЕ НЕ

© 2023 RK Vardar 1961 | All Rights Reserved
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
FAN SHOP