
Чупиќ и Гогов: Со полна сала и најдоброто издание до првите бодови во Лигата на шампионите
06/10/2026
Чупиќ: Одговорноста е моја – Педро: Ќе продолжиме да го претставуваме Вардар со гордост
09/10/2026Вардар претрпе пораз од Висла Плоцк со 26-32 (13-15), во натпревар од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Пред околу 5.000 гледачи во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните се обидуваа да се вратат по лошиот почеток, но организираната одбрана и поголемата стабилност на гостите беа пресудни.
Висла подобро го отвори натпреварот и по четири минути поведе со 3-0, пред Јака Малус да го постигне првиот гол за Вардар. Гостите ја користеа секоја грешка во нападот на нашиот тим и во 15. минута стигнаа до водство од 11-5, а нешто подоцна имаа и 12-6.
Вардар постепено ја пронајде својата игра. Со головите на Малус, Жоао Педро Франциско да Силва, Мохаб Абделхак и сигурниот Матео Фадуил, црвено-црните почнаа да ја намалуваат негативата. Во 27. минута Вардар дојде на само два гола заостанување, 12-14, а со погодокот на Малус на полувреме се замина со резултат 13-15.
На почетокот од вториот дел Висла повторно го засили темпото и со серија од 4-1 стигна до 19-14. Вардар одговори преку Абделхак и Вукашин Воркапиќ и намали на 19-16, но гостите повторно воспоставија контрола и во 49. минута ја достигнаа највисоката предност од осум гола, 27-19.
Црвено-црните не се предадоа. Со четири последователни погодоци, еден на Жоао Педро и три на Фадуил, Вардар намали на 27-23. Сепак, Висла го издржа притисокот и во завршницата ја потврди победата со конечни 32-26.
Матео Фадуил одигра исклучително ефикасен натпревар и беше најдобар стрелец на Вардар со 14 голови од исто толку обиди, вклучувајќи девет погодоци од седум метри. Јака Малус постигна четири, додека Жоао Педро Франциско да Силва и Мохаб Абделхак имаа по три гола.
Двете екипи имаа реализација од 65 проценти, но Висла создаде девет удари повеќе и направи помалку технички грешки, што на крајот ја донесе разликата.
ВАРДАР – ВИСЛА ПЛОЦК 26-32 (13-15)
Сала: СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
Гледачи: 5.000
Судии: Алексеј Ковалчук и Игор Ковалчук од Молдавија
Вардар: Марио Стојановски, Вукашин Воркапиќ 1, Гоце Георгиевски, Махамаду Кеита, Бобан Поповски, Леон Љевар, Милан Лазаревски, Жуниор узолана, Милош Валах (4 одбрани), Кристијан Анастасовски, Жоао Педро 3, Мохаб Абделхак 3, Јака Малус 4, Виктор Јанковски 1, Матео Фадуил 14, Васил Гогов (5 одбрани).
Најефикасни кај Висла: Фредерик Бјере 10, Абел Сердио и Сергеј Косоротов по 6, Михал Дашек 3.









