• РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961
retina-logo_retretina-logo_retretina-logo_retretina-logo_ret
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
FAN SHOP
✕
Вардар се враќа триумфално од Охрид
18/02/2023
ВАРДАР – БУТЕЛ
24/02/2023

Карапалевски: Сите се вклопуваат во системот и играме се подобро

22/02/2023

По двата триумфи на почетокот на плејофот, во третото коло Вардар во петок (24 февруари) од 18,30 часот повторно дочекува градски ривал, екипата на Бутел. Сезонава во меѓусебните дуели „црвено-црните“ двапати победија, во „Јане Сандански“ со 30-21, а на гости со 26-23.

По двете одиграни кола Вардар е лидер на табелата со 9 бодови, а Бутел е последен со само 1 бод.

Вардар гостуваше во Охрид во претходното коло и во дерби дуел победија со 27-23, а нашиот ривал, Бутел загуби дома од Еурофарм Пелистер 2 со пресврт во последните минути, иако скопјани имаа и предност од „плус 6“.

„ Ги гледавме нивните натпревари, и особено овој последниот со Еурофарм Пелистер 2 што Бутел го загуби. Играа одлично во првиот дел. Според мене големо засилување за Бутел е враќањето на Томче Стојановски особено во одбраната. Игравме со Бутел и во регуларниот дел од сезоната, знам како беше тогаш иако двапати победивме. За нас е особено важно играњето во домашното првенство, и затоа на секој меч влегуваме со мотив и желба за триумф.
Имаме неколку нови ракометари во пролетниот дел, но со секој меч се повеќе тие влегуваат во системот. Веќе 3-4 натпревари сме заедно, и играме се подобро. Овој меч ќе биде генерална проба пред СЕХА – Газпром лигата со Партизан, но секако прво треба да одиграме добро со Бутел, па потоа да мислиме на следниот меч, вели Мартин Карапалевски, средниот бек на Вардар.

Повредите на претходните мечеви секогаш го кроеја систавот на Вардар, па така ќе биде и сега. Во тимот има ситни повреди кај неколку ракометари, и во зависност од нивната здравствена состојба ќе се реши кој ќе настапи во петок.

„Секој меч е посебен, и меч за себе. Кога играат против Вардар сите се мотивирани. Затоа ние сме постојано подготвени за секој предизвик. Играме ден порано за да можеме да имаме потоа ден одмор, и плус уште два дена плус за подготовки за следниот меч од СЕХА лигата против Партизан.
Бутел е сериозне тим, каде има и и млади и искусни ракометари. Знаат добро да играат и тоа го покажаа и во првиот дел од сезоната. Ние направивме анализа и секако сме подготвени, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.

Сподели

Повеќе објави

21/03/2023

Заедничко соопштение на Вардар и Еурофарм Пелистер пред дербито во недела


Повеќе
20/03/2023

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Еурофарм Пелистер


Повеќе
19/03/2023

Вардар со убедлив триумф против Скопје до Ф4 во Купот


Повеќе
18/03/2023

Талески со 11 гола за триумф на Вардар од Купот


Повеќе
17/03/2023

Мишевски: Со одбрана и брз трансформација во нападот до триумф над Охрид


Повеќе
04/03/2023

Манасков со 13 гола во Битола – Вардар максимален во плејофот


Повеќе
27/02/2023

Вардар на мегдан со Партизан за прво место во групата во СЕХА-Газпром лигата


Повеќе
24/02/2023

Манасков со 11 гола за 30 минути – Вардар со трет триумф по ред во плејофот


Повеќе

АДРЕСА:
С.Ц. Јане Сандански
Бул. АСНОМ бр. 1, 1000 Скопје
Република Македонија



СЛЕДЕТЕ НЕ

© 2023 RK Vardar 1961 | All Rights Reserved
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
FAN SHOP