• РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961
retina-logo_retretina-logo_retretina-logo_retretina-logo_ret
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
FAN SHOP
✕
Очекувам публиката да биде со нас, бидејќи во следните месеци доаѓаат силни, интересни и важни натпревари
25/01/2023
Прв триумф во СЕХА – Газпром лигата во новата сезона
01/02/2023

Вардар без бодови се враќа од Словачка

28/01/2023

Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето кај Татран Прешов со 27-23 во првото коло од новата сезона во регионалната СЕХА лига. Без ниту еден ден заеднички тренинг со комплетен состав тимот отпатува за Прешов, а се приклучија и репрезентативците кои настапуваа на СП во Полска. Мартин Томовски, Филип Талески и Гоце Георгиевски само што се вратија од Полска веднаш заминаа со тимот за Прешов. Единствено Дејан Манасков остана во Скопје.

Македонскиот првак по добриот старт, попушти со реализацијата, дозволи домашните да се одлепат на предност од три гола, која во вториот дел беше дуплирана. Најмногу поради нереализираните шанси и одличниот голман на домашните, „црвено-црните“ не успеаја да освојат бодови од Прешов.

Во текот на среднатаВардар иако се доближи на минус еден во финишот, немаше сили за комплетен камбек во мечот и мораше да се помири со пораз.

По 3-3 на стартот, Талески погодваше и Вардар се одлепи на највисока предност, 6-3, а беше и 7-4, пред „црвено-црните“ да влезат во лоша серија. Домаќините почнаа да ги релизираат своите шанси а вардарци промашија два удари од седум метри и следуваше комплетен пресврт.

Словачкиот првак направи серија од пет гола по ред за 9-7 и Вардар оттогаш бркаше негатива. Георгиевски за момент ја намали предноста на домашните, но до крајот на полувреме немаше големи промени и Татран замина на пауза со плус три, 14-11.

Карапалевски намали на 15-14 на стартот на вториот дел, но по една нова серија грешки на вардарци, Татран избега на плус пет, 21-16.

Новото вардарово засилување Дутра Фереира намали на 22-18 на десетина минути до крајот, а Бразилецот погоди и од пенал за 22-19. Taтран сега влезе во лоша серија, Томовски фати два нивни удари и Вардар се доближи на минус еден, 22-21. Касаткин со гол ја прекина вардаровата серија и беше 23-21, на пет минути до крајот.

Одново Татран имаше плус три, 24-21, Стојановски и Мишевски најавија возбудувања во финишот, но Лопез со голот од пенал и Рабек ги решија дилемите и беше јасно дека бодовите ќе останат во Прешов.

Талески беше најдобар стрелец со осум гола кај Вардар, а по четири пати реализираа Карапалевски и Георгиевски, додека кај Татран искусниот Рабек погоди десет пати.

Вардарци во второто коло на домашен терен ќе играат против српскиот вицепрвак Партизан.

  • Статистика од мечот ТАТРАН – ВАРДАР 27-23 Tatran – Vardar statistika

 

Сподели

Повеќе објави

21/03/2023

Заедничко соопштение на Вардар и Еурофарм Пелистер пред дербито во недела


Повеќе
20/03/2023

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Еурофарм Пелистер


Повеќе
19/03/2023

Вардар со убедлив триумф против Скопје до Ф4 во Купот


Повеќе
18/03/2023

Талески со 11 гола за триумф на Вардар од Купот


Повеќе
17/03/2023

Мишевски: Со одбрана и брз трансформација во нападот до триумф над Охрид


Повеќе
04/03/2023

Манасков со 13 гола во Битола – Вардар максимален во плејофот


Повеќе
27/02/2023

Вардар на мегдан со Партизан за прво место во групата во СЕХА-Газпром лигата


Повеќе
24/02/2023

Манасков со 11 гола за 30 минути – Вардар со трет триумф по ред во плејофот


Повеќе

АДРЕСА:
С.Ц. Јане Сандански
Бул. АСНОМ бр. 1, 1000 Скопје
Република Македонија



СЛЕДЕТЕ НЕ

© 2023 RK Vardar 1961 | All Rights Reserved
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
FAN SHOP