
Вардар без бодови во Касел по голема борба со Мелсунген
11/09/2026Вардар ја продолжи победничката серија во домашното првенство, откако на гостувањето кај Куманово славеше со 32-30 и освои нови два бода.
Црвено-црните на овој натпревар настапија без Валах, Лазаревски, Педро, Воркапиќ и Мохаб, но и во изменет состав најголем дел од средбата го контролираа резултатот.
Домаќинот беше рамноправен во почетниот период и во 14. минута се доближи на 8-9. Следуваше серија од 5-0 на Вардар, со која нашиот тим се одвои на 14-8 и првпат создаде посериозна предност.
Куманово возврати со два последователни погодоци и намали на 10-14, по што тренерот Иван Чупиќ побара тајм-аут. Вардар повторно ја презеде контролата и со добра игра во завршницата на првото полувреме стигна до највисоки седум голови предност, 20-13.
Во вториот дел предноста на Вардар достигна и осум гола. Чупиќ ротираше и им даде минути на повеќе ракометари, а Куманово ја искористи можноста постепено да ја намали разликата.
Црвено-црните ја одржуваа контролата, но неколкуте промашувања во завршницата му овозможија на домаќинот да се врати во натпреварот. Во последните две минути Вардар влезе со два гола предност, а Куманово успеа да намали на 30-31.
Дилемите околу победникот ги разреши Урош Митровиќ, кој во последната минута погоди од крилната позиција и го постави конечниот резултат од 32-30.
Во редовите на Вардар, Тузолама и Фадуил постигнаа по шест гола. Кај Куманово најефикасен беше Наум Костов со 15 погодоци, додека Карим Мохамед постигна пет.








