
РК Вардар добива силен партнер – Delfino Mobility Group со брендовите GEELY и SIXT
24/04/2026Да го направиме последниот чекор заедно!
Во продажба се пуштени билетите за претстојниот натпревар против Монпеље во четвртфиналето од ЕХФ Лига Европа.
Натпреварот Вардар 1961 – Монпеље ќе се одигра во вторник, на 05.05.2026 година, со почеток од 20,45 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
До самата завршница на Лига Европа не делат уште неколку важни чекори, а поддршката од трибините ќе биде од огромно значење за нашиот тим.
Продажбата на билетите ќе се одвива онлајн преку продажната мрежа на www.ticketx.com.mk –
https://ticketx.com.mk/events/vardar-montpellier
како и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој аработен ден од 10 до 18 часот.
Цените на билетите се следните:
Блок A2, A3, A5, A6 – 500 денари
Блок A1, A4, G, 4, 5, 7, 12, 13, 14, 15 – 400 денари
Блок A, 1, 2, 3, 8, 11, 16 – 300 денари
Да го наполниме „Јане Сандански“.
Да го направиме последниот чекор заедно. 🔴⚫









