
СУПЕР ЛИГА: ВАРДАР 1961 – АЛКАЛОИД
24/04/2026РК Вардар како двократен европски шампион и на чекор до рекордната 16 титула на Македонија, добива поддршка за новите предизвици. Delfino Mobility Group, преку брендовите GEELY и SIXT, официјално станаа мобилити спонзор на „црвено-црните“, во партнерство што носи дополнителна стабилност и силен импулс кон нови домашни, регионални и европски успеси.
РК Вардар повторно е на врвот на македонскиот ракомет, јасно го поставува својот фокус, враќање на европскиот ракометен врв и нови големи успеси на меѓународната сцена. Клубот е пред освојување на двојната круна во Македонија и се наоѓа меу 8-те најдобри екипи во Лига Европа.
Како регионален лидер со повеќе од 30 години присуство на пазарот, Delfino Mobility Group континуирано инвестира во развој, мобилност и општествено одговорни иницијативи, меѓу кои спортот зазема значајно место.
„Драго ми е што со Delfino Mobility Group потпишуваме соработка, и верувам дека истата ќе ја продлабочиме во иднина на взаемно задоволство. Ова е првпат да имаме ваков партнер, и сакам да им се заблагодарам што во нас препознаа соработник за заеднички успеси, изјави Михајло Михајловски, претседател на РК Вардар.
Со ова партнерство, логото на Delfino Mobility Group, заедно со GEELY и SIXT, ќе биде дел од опремата на тимот во периодот што следи, како симбол на поддршка и заедничка визија за успех.
„Голема чест е да се биде дел од приказната на РК Вардар, клуб со победнички дух и силен идентитет. Како компанија која повеќе од 30 години е присутна на регионалниот пазар, веруваме во вложување во вредности што обединуваат, а спортот е токму тоа. Преку GEELY и SIXT ќе обезбедиме сигурна мобилност и поддршка, со цел тимот да остане фокусиран на нови победи,“ изјави Илија Тоневски, извршен директор на Delfino Mobility Group.
Договорот за соработка стапува на сила веднаш и е предвиден да трае до крајот на сезоната 2029, со јасна цел заеднички успеси, стабилност и нови спортски достигнувања и трофеи.
Со поддршката од GEELY и SIXT, Delfino Mobility Group ќе обезбеди мобилност и логистичка поддршка за клубот, придонесувајќи кон неговата секојдневна функционалност и подготовка за предизвиците што следат.










