• РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961
retina-logo_retretina-logo_retretina-logo_retretina-logo_ret
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
  • Accreditation
FAN SHOP
✕
Манасков со 13 гола во Битола – Вардар максимален во плејофот
04/03/2023
ВАРДАР – ОХРИД (КУП 2023)
18/03/2023

Мишевски: Со одбрана и брз трансформација во нападот до триумф над Охрид

17/03/2023

По една седмина пауза од домашен ракомет поради ЕХФ репрезентативната недела, ракометарите на Вардар повторно се враќаат кон своите обврски. Почнува одбраната на Купот што лани го освоија „црвено-црните“.

Овој викенд во СЦ „Јане Сандански“ сме домаќини на четвртфиналана група од Купот на Македонија каде покрај Вардар ќе бидат уште и екипите на Охрид, Јуниор КВ и Скопје.

Во полуфиналето Вардар во сабота од 17 часот се среќава со Охрид, и победникот од тој меч ќе игра со победникот од средбата меѓу Јуниор КВ и Скопје.

Сезонава трипати игравме со Охрид, во првенството и трипати победивме. Последниот меч го игравме на 18 февруари во гости и победивме со 25-23.Во ноември во Скопјe триумфиравме со 32-25, исто како и на почетокот на сезоната во октомври кога победивме со 27-22.

На патот до Ф4 турнирот од Купот, Вардар на почетокот на декември лани го победи тимот на Милти Есенс со 43-18, и сега се играат четвртфиналните групи.

Вардар има 15 Куп титули, и е убедливо најуспешна екипа во Македонија.

Влезот во салата во малата сала СЦ „Јане Сандански“ за мечевите од Купот се бесплатни.

Владо Недановски – тренер на Вардар
„Почнува серија на силни мечеви, но сега сме фокусирани за Охрид. Тоа е квалитетен тим, играат добар ракомет, и имаат искуни играчи. Покажаа дка кога играат со Вардар се супер мотивирани. Агресивни се сите 60 минути. На последниот меч што го игравме тешко поминавме. Ние се подготвуваме како и за секој меч. Нема многу поразлично да биде од досегашните .Вардар е фаворит, и секако одиме на победа. Имаме повредени, со мали или посеирозни повреди. Ова е втор дле од сезоната. Нормалено е тоа, но секако не се тоа големи проблеми. Не размслуваме за што понааму, туку само за овој меч што е пред нас. Од понеделник ќе почнеме да се подготвуваме за Еурофарм Пелисер.

Марко Мишевски – играч на Вардар
„Мотивацијата за секој меч е висока. Одиме на победа без разлика на каков меч играме. Се измачивме во Охрид на претходниот дуел. Квалитетен тим се. Имаат некои нови играчи, но нема со што да не изнанадат, Знаеме каков им е квалитетот.
Да го потенцирам пивотот Бојаниќ кој даде добри партии со нас, но сега и бековите одиграа добар меч. Сите позиции им се добро покриени. Нема посебен играч што се двои. Ние со наша одбрана и контра и полуконтра ќе успееме да триумфираме.

Распоред на натпревари
18 март (сабота) – СЦ „Јане Сандански“ (мала сала)
17 ч. ВАРДАР – Охрид
19 ч. Јуниор КВ – Скопје
19 март (недела)
17 ч. Финале

 

Сподели

Повеќе објави

25/05/2023

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Алкалоид


Повеќе
16/05/2023

Сопштение за јавност


Повеќе
11/04/2023

Вардар се враќа на Ф4 откако со пресврт и по вторпат ја победи Војводина


Повеќе
10/04/2023

Вардар отпатува за Нови Сад на реванш со Војводина


Повеќе
06/04/2023

Убедлива победа против Војводина во четврт-финалето на СЕХА – Гaзпром лигата


Повеќе
04/04/2023

Во Скопје гостува Војводина во четвртфиналето на СЕХА-Газпром лигата


Повеќе
01/04/2023

Драматичниот крај во Автокоманда им припадна на домаќините


Повеќе
31/03/2023

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Војводина


Повеќе

АДРЕСА:
С.Ц. Јане Сандански
Бул. АСНОМ бр. 1, 1000 Скопје
Република Македонија



СЛЕДЕТЕ НЕ

© 2023 RK Vardar 1961 | All Rights Reserved
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
  • Accreditation
FAN SHOP