
Вардар се враќа во Лигата на шампионите – прв предизвик е Мелсунген
08/09/2026РК Вардар ги информира сите сопственици на сезонски билети за сезоната 2026/27 дека од утре почнува замената на електронските сезонски билети со пластифицирани сезонски карти.
Замената ќе се врши во следните десет дена, секој работен ден и во сабота, од 10 до 16 часот, во официјалниот фаншоп на РК Вардар, кој се наоѓа во рамки на СЦ „Јане Сандански“.
Ги замолуваме сите навивачи кои веќе обезбедија сезонски билет да дојдат во наведениот период и да ја подигнат својата пластифицирана сезонска карта. Таа ќе важи за сите натпревари што се вклучени во сезонскиот пакет – домашните натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите, домашното првенство и Регионалната лига.
Со сезонскиот билет, навивачите имаат обезбеден влез за сите овие натпревари. За натпреварите што ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“, сопствениците на сезонски билети ќе го користат своето избрано место, додека за натпреварите во салата „Расадник“ влезот е обезбеден, но без нумерирани седишта.
Вардар им се заблагодарува на сите навивачи кои однапред го обезбедија своето место во салата и ја покажаа својата поддршка пред почетокот на најважните натпревари во новата сезона.
Дополнително, клубот наскоро ќе објави и информации за почетокот на поединечната продажба на билети за натпреварите што следуваат.
За сите дополнителни информации, следете ги официјалната веб-страница и клупските канали на социјалните мрежи.









