
ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА БИЛЕТИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ ВАРДАР – БУДВА
18/09/2026Црвено-црните ја задржаа контролата во најголемиот дел од натпреварот, а со серија од 6-1 во завршницата стигнаа до победа од 35-27. Вардар ги освои бодовите на гостувањето кај Тиквеш, откако во натпреварот од четвртото коло во Супер машката лига славеше со 35-27 (18-14).
Нашиот тим во Кавадарци настапи без Вукашин Воркапиќ, Мартин Бомаштар, Жоао Педро и Марко Стојановски. Во составот по неколкунеделна пауза се врати Милан Лазаревски.
Леон Љевар го отвори натпреварот со погодок, но домашниот тим подобро се снајде во почетните минути и поведе со 4-2. Вардар брзо одговори преку Матео Фадуил и Гоце Георгиевски, кои израмнија на 4-4.
По почетниот период во кој екипите постојано се менуваа во водство, црвено-црните постепено ја презедоа контролата. Љевар погоди за првото водство од 6-5, а во 13. минута Урош Митровиќ зголеми на 8-6.
Предноста продолжи да расте. Фадуил погоди за 12-8, а со головите на Абделхак Мохаб, Георгиевски, Љевар и Жуниор Тузолана, Вардар во 28. минута стигна до највисоки 18-12. Тиквеш ги постигна последните два гола во првото полувреме, па на паузата се замина со резултат 18-14 за Вардар.
Домашниот тим подобро го започна вториот дел и во 39. минута се доближи на само еден гол негатива, 20-21. Вардар не дозволи пресврт. Љевар и Георгиевски веднаш ја вратија предноста од три гола, а потоа следуваше период во знакот на Јака Малус.
Капитенот постигна три последователни погодоци за водство од 27-21 во 46. минута. Тиквеш уште еднаш се обиде да се врати и намали на 29-26, но тоа беше последниот обид на домаќинот да внесе неизвесност.
Вардар одговори со серија од 6-1. Малус, Кристијан Анастасовски и Бобан Поповски ја вратија сигурната предност, а Поповски и Мохаб ги постигнаа последните два гола за конечни 35-27.
Најефикасен во нашиот тим беше Матео Фадуил со седум гола, Леон Љевар постигна шест, а Јака Малус пет. Милош Валах забележа 11 одбрани, додека Васил Гогов го заврши натпреварот со три интервенции.
ТИКВЕШ – РК ВАРДАР 27-35 (14-18)
РК Вардар: Валах, Гогов, Георгиевски 4, Поповски 2, Митровиќ 3, Нечовски, Љевар 6, Лазаревски, Тузолана 2, Анастасовски 2, Мохаб 4, Малус 5, Ѓорчески, Јанковски, Фадуил 7.









