• РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961
retina-logo_retretina-logo_retretina-logo_retretina-logo_ret
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
  • Accreditation
FAN SHOP
✕
ВАРДАР – СКОПЈЕ (КУП 2023)
19/03/2023
Во продажба се билетите за мечот Вардар – Еурофарм Пелистер
20/03/2023

Вардар со убедлив триумф против Скопје до Ф4 во Купот

19/03/2023

Со две победи во четвртфиналната група од Купот, ракометарите на Вардар се пласираа на Ф4 турнирот каде ќе го бранат трофејот од лани. Во финалниот меч од групата чиј домаќин беше Вардар, нашите ракометари со 37-24 (19-12) го победија Скопје.
Претходно во полуфиналето од групата, Вардар го победи и Охрид со 38-30.

Средбата против Скопје требаше да биде само рутина за Вардар, и така и беше. Убедливо триумфираа „црвено-црните“, а тренерот Владо Недановски имаше можност да комбинира со тимот на паркетот, да им даде шанса и на оние што немаат можност секогаш да имаат голема минутажа.

На овој меч игравме без Борко Ристовски, Милан Лазаревски, Дарко Ѓукиќ. Иако беа во составот, не влегоа во игра Дејан Манасков, Филип Талески и Мартин Томовски. Но, и оние што играа покажаа дека можат да бидат добри замени.

Дуелите од Купот против Охрид и Скопје беа и последна контрола пред следниот важен натпревар од домашното првенство против Еурофарм Пелистер. Тој меч е закажан за следниот викенд во Скопје.

Скопје имаше последен пат „активен резултат“ во 9 минута кога беше 5-5. Потоа шампионот почна да ја зголемува предноста која на полувреме беше 19-12.

Беше потоа само рутина да се одиграат вторите 30 минути. Брзо дојде Вардар и до предност од повеќе од десет гола. Во 53 минута првпат имаа вардарци „плус 13“ за водство 34-21, и таа разлика остана и н акрајот од средбата.

Најефикасен кај Вардар беше Јан Чувара со девет гола, а Марко Мишевски постигна еден помалку.

Фото-Галерија од натпреварот 

Статистика од натпреварот – Vardar1961 – Skopje KUP 2023

Сподели

Повеќе објави

28/09/2023

Гледај го Вардар со ЕДЕН БИЛЕТ и добиј навивачка маичка


Повеќе
20/09/2023

Шпаркасе Лизинг се приклучи кон семејството на поддржувачи на Вардар


Повеќе
15/09/2023

ИНТЕРВЈУ Борко Ристовски: Никогаш не го отпишувајте Вардар


Повеќе
12/09/2023

Продажба на билети за мечот Вардар – Еурофарм Пелистер


Повеќе
11/09/2023

Пекабеско е нов пријател на РК Вардар


Повеќе
25/08/2023

Вардар посилен за уште еден спонзор – потпишан договор со Пантелеон ГС


Повеќе
23/08/2023

Шпанецот Виктор Алонсо Гарсија е нов член на Вардар


Повеќе
19/08/2023

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Рајн Некар


Повеќе

АДРЕСА:
С.Ц. Јане Сандански
Бул. АСНОМ бр. 1, 1000 Скопје
Република Македонија



СЛЕДЕТЕ НЕ

© 2023 RK Vardar 1961 | All Rights Reserved
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
  • Accreditation
FAN SHOP