Ракометарите на Вардар со победа го започнаа настапот на турнирот во Струга, откако во дуелот со домашниот тим без многу проблеми дојдоа до убедлива победа од 29-17.
Средбата беше прв натпревар на турнирот, и од самиот почеток „црвено-црните“ ја презедоа иницијативата и водството. По почетните 7-1 водство за Вардар, веќе беше јасно дека тоа ќе биде лесна победа за нашиот тим. До крајот на првото полувреме разликата беше 6-7 гола, и на одмор се замина со предност 15-8.
Вардарци за неколку минути игра во вториот дел дојдоа на двоцифрена разлика, поведоа со 18:8. Струга имаше тежок предизвик да ја брка високата негатива и до крајот од дуелот во вардаровата мрежа постигна уште девет погодоци.
Ракометарите на Вардар како на тренинг ги одрабоија последните 20 минути, ја зголемија предноста и дојдоа до победа која беше изразена со 12 гола разлика.
Вардар – Струга 29-17
ВАРДАРЧ Јагуриновски 4, Аларов 3, Георгиевски, Карапалевски, Косуке 2, Хансер 2, ЛАзаревски 4, Срдановиќ 3, Николиќ, Петриќ 3, Ѓукиќ, Стојановски, Алонсо 1, Ќосевски 5, Нилтон 2, Стојковски, Гогов.
Во следното коло на турнирот во Струга играме во петок против ГУИФ Ескилстуна.