
Словенецот Јака Малус е нов играч на Вардар
02/05/2025
📷 Алкалоид – Вардар плејоф
03/05/2025Вардар останува единствената екипа која на 15 натпревари по ред освојува бодови, откако и од гостувањето во Автокоманда се враќа со реми, 26-26 (12-12) кај Алкалоид. Дербито на колото донесе периоди на добра игра на двата тима, и со освоениот бод Вардар останува на делба на првото место на табелата.
Мечот почна со предност на домашните од 3-1. Потоа следуваше период во кој ги консолидиравме редовите, израмниве, па и поведовме. Во самата завршница домашните ракометари поведоа со 10-8, но израмнивме на 10-10. Во последната минута Алкалоид од пенал зголеми на 12-11, а потоа Вуко Борзан израмни на 12-12, по што се замина на одмор.
Имавме добри моменти, и водство од 19-15 во второто полувреме. Но, потоа за неколку минути дозволивме ривалот да ја надомести разликата, па дури и да поведе, 23-22. До крајот се играше „гол за гол“ имавме можност неколкупати да израмниме, и во последната минута Милан Лазаревски го постигна голот што ни донесе реми.
На овој меч ги немаше во составот Хансер, Крсманчиќ, Мело.
Сега остануваат уште четири кола до крај на првенството. Следува пауза поради ЕХФ репрезентативната недела, а потоа играме со Бутел.
Алкалоид – ВАРДАР 26-26
ВАРДАР: Стојановски, Јагуриновски 2, Алалров, Стојановски, Георгиевски 2, Еспиња, Танкоски 2, Коиј 1, Лазаревски 6, Горига 3, Срдановиќ 2, Николиќ 1, Петриќ, Пинто, Борозан 7, Гогов.