• РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961
retina-logo_retretina-logo_retretina-logo_retretina-logo_ret
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
  • Accreditation
FAN SHOP
✕
Вардар – Еурофарм Пелистер
26/03/2023
Вардар – Тиквеш
29/03/2023

Победа против Тиквеш како роденденски подарок за Дутра

29/03/2023

Бразилецот Леонардо Дутра го прослави роденденот со триумф на неговиот тим, 35-25 против Тиквеш во 6. коло од плејофот. Вардарци остануваат лидери на табелата со максимални 21 бод, но и со најдобра гол разлика во лигата (+53).

По пауза од речиси 1,5 месец во тимот се врати и пивотменот Милан Лазаревски, а од стандардниот состав сега ги немаше Борко Ристовски и Велко Марковски. Шанса да играат добија Васил Гогов и Ален Ќосевски. Само неколку денови по дербито со Еурофарм Пелистер сега за Вардар повторно дојде дуел на кој требаше да освојат бодови за да го задржат лидерското место.

Вардар мораше да игра до самиот крај со максимална концентрација за да триумфира против Тиквеш. На крајот разликата беше „плус 10“, но дури во средината на второто полувреме Вардар успеа резултатски да се одлепи, и потоа сигурно и рутинирано да стигне до триумф

Но, мечот почна со предност на Вардар од 5-2, како најава за „лесен меч“. Но, гостите брзо се вратија и откако израмнија на 6-6, тргна играта „гол за гол“. Тиквеш знаеше да ги искористи своите шанси и д аги казни нашите грешки, и поведе прво со 9-8, а потоа и 12-10. Во самата завршница на првото полувреме Вардар прво израмни на 14-14, а потоа и поведе со 15-14. Аднад Хамзиќ израмни во 29 минута на 15-15.

Се до 38 минута Тиквеш беше во игра, а резултатот 20-18. Потоа Вардар имаше убава серија за водство од 27-19 по што веќе беше јасно дека нема да може да направат изненадување. Следуваше период на рутинска завршница.

Во следното коло Вардар гостува кај Алкалоид со што завршува првиот дел од плејофот.

Статистика од средбата: – Vardar – Tikves 35-25
Фото-галерија од средбата

Сподели

Повеќе објави

25/05/2023

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Алкалоид


Повеќе
16/05/2023

Сопштение за јавност


Повеќе
11/04/2023

Вардар се враќа на Ф4 откако со пресврт и по вторпат ја победи Војводина


Повеќе
10/04/2023

Вардар отпатува за Нови Сад на реванш со Војводина


Повеќе
06/04/2023

Убедлива победа против Војводина во четврт-финалето на СЕХА – Гaзпром лигата


Повеќе
04/04/2023

Во Скопје гостува Војводина во четвртфиналето на СЕХА-Газпром лигата


Повеќе
01/04/2023

Драматичниот крај во Автокоманда им припадна на домаќините


Повеќе
31/03/2023

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Војводина


Повеќе

АДРЕСА:
С.Ц. Јане Сандански
Бул. АСНОМ бр. 1, 1000 Скопје
Република Македонија



СЛЕДЕТЕ НЕ

© 2023 RK Vardar 1961 | All Rights Reserved
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
  • Accreditation
FAN SHOP