• РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961
retina-logo_retretina-logo_retretina-logo_retretina-logo_ret
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
FAN SHOP
✕
ВАРДАР – ПАРТИЗАН
01/02/2023
Шампионскиот дух се уште живее во соблекувалната на Вардар
08/02/2023

Недановски пред дуелот со Татран: Ќе направиме сè да бидеме први во групата

08/02/2023

Ракометарите на Вардар ги очекува третиот натпревар од регионалната СЕХА лига, а во Скопје гостува словачкиот првак Татран Прешов. Н апрвиот меѓусебен натпревар на 28 јануари во Словачка, домашните победија со 27-23, па сега „црвено-црните“ не само што ќе треба да победат, туку и ќе бркаат позитива од пет голови со која остануваат во трка за првото место во групата.

Тренерот на вардарци, Владо Недановски очекува далеку подобар натпревар од оној во Словачка и победа на „црвено-црните“.

„Пред десет дена одигравме натпревар со истиот ривал. Таму имавме уморни и нови играчи кои не беа доволно уиграни. Отворивме добро, имавме предност, но потоа и пад. Имавме и добри и лоши моменти во нападот и одбраната, но тој беше прв во СЕХА. Репрезентативците добија заслужен одмор, кој навистина им требаше, а потоа имавме неколку тренинзи во комплетен состав. Мислам дека сме подготвени за натпреварот во петок, ќе направиме анализа и ќе гледаме видео денеска, секако дека одиме на победа. Дали ќе биде над четири гола разлика колку што загубивме таму ќе видиме во петок, но ќе направиме се за да се бориме за првото место во групата. Мислам дека овој натпревар ќе биде далеку подобар од оној во Словачка“, вели Недановски.

Десниот бек Моралес има повреда, но секако Вардар ќе биде во најсилниот можен состав.

„Имаме повредени играчи, Моралес влече повреда, но тоа е што е. Дополнителен проблем е, но повредите се составен дел од спортот. Во првиот дел од сезоната немавме голем ростер, но сега имаме и новите ракометари од тренинг на тренинг се подобри и подобри“, заврши Недановски.

Натпреварот меѓу Вардар и Татран Прешов се игра в петок во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

 

Сподели

Повеќе објави

21/03/2023

Заедничко соопштение на Вардар и Еурофарм Пелистер пред дербито во недела


Повеќе
20/03/2023

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Еурофарм Пелистер


Повеќе
19/03/2023

Вардар со убедлив триумф против Скопје до Ф4 во Купот


Повеќе
18/03/2023

Талески со 11 гола за триумф на Вардар од Купот


Повеќе
17/03/2023

Мишевски: Со одбрана и брз трансформација во нападот до триумф над Охрид


Повеќе
04/03/2023

Манасков со 13 гола во Битола – Вардар максимален во плејофот


Повеќе
27/02/2023

Вардар на мегдан со Партизан за прво место во групата во СЕХА-Газпром лигата


Повеќе
24/02/2023

Манасков со 11 гола за 30 минути – Вардар со трет триумф по ред во плејофот


Повеќе

АДРЕСА:
С.Ц. Јане Сандански
Бул. АСНОМ бр. 1, 1000 Скопје
Република Македонија



СЛЕДЕТЕ НЕ

© 2023 RK Vardar 1961 | All Rights Reserved
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
FAN SHOP