• РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961
retina-logo_retretina-logo_retretina-logo_retretina-logo_ret
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
  • Accreditation
FAN SHOP
✕
Во продажба се билетите за мечот Вардар – Војводина
31/03/2023
Алкалоид – Вардар
01/04/2023

Драматичниот крај во Автокоманда им припадна на домаќините

01/04/2023

Вардар имаше шанса и да победи во последните минути од драматичниот и неизвесен мечот со Алкалоид, но наместо триумф или најмалку реми од Автокоманда се враќаме без бодови. Алкалоид триумфираше со 22-21 (13-10) што е наш прв пораз по повеќе од една година во домашното првенство.

Долго, цел меч Вардар се мачеше да најде игра со која може да парира, и дури во 56 минута успеа да поведе, 21-20. Но, оттогаш па до крајот на мечот не реализиравме ниту една шанса, и во 58 минута успеавме да изнудиме исклучување на противничкиот пивотмен.

Сепак во клучните моменти, направивме технички грешки што тешко можеше за кратко време да се исправат, и во последната минута од пенал Серафимов постигна гол за Алкалоид што се покажа дека е победнички. Ни се укажа шанса десетина секунди да имаме напад за реми, но таа акција не стигна до ситуација да се упати удар. Последниот удар од девет метри заврши во блокот на домашните.

Вардар одигра лош меч полн со не релизирани шанси и напади. Во првото полувреме во 25 минута Алкалоид го имаше највисокото водство, 13-6. Дури тогаш почна да се буди Вардар и до крајот на првиот дел намаливме на 13-10.

Во второто полувреме бевме во игра, и тие 2-3-4 гола предност на ривалот успеавме да ги намалиме, па дури и да 20-20 во 56 минута. Најави Вардар дека може д анаправи целосен пресврт, и имаше повеќе шанси за тоа. На крајот токму тие технички грешки и промашувања се покажаа како клучни.

Статистика од натпреварот – Alkaloid – Vardar 22-21

Фото-галерија од натпреварот

Сподели

Повеќе објави

25/05/2023

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Алкалоид


Повеќе
16/05/2023

Сопштение за јавност


Повеќе
11/04/2023

Вардар се враќа на Ф4 откако со пресврт и по вторпат ја победи Војводина


Повеќе
10/04/2023

Вардар отпатува за Нови Сад на реванш со Војводина


Повеќе
06/04/2023

Убедлива победа против Војводина во четврт-финалето на СЕХА – Гaзпром лигата


Повеќе
04/04/2023

Во Скопје гостува Војводина во четвртфиналето на СЕХА-Газпром лигата


Повеќе
31/03/2023

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Војводина


Повеќе
29/03/2023

Победа против Тиквеш како роденденски подарок за Дутра


Повеќе

АДРЕСА:
С.Ц. Јане Сандански
Бул. АСНОМ бр. 1, 1000 Скопје
Република Македонија



СЛЕДЕТЕ НЕ

© 2023 RK Vardar 1961 | All Rights Reserved
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
  • Accreditation
FAN SHOP