
Вардар – Еурофарм Пелистер
01/11/2026
ПОЧНА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ЗА ДЕРБИТО ВАРДАР – АЛКАЛОИД
11/11/2026Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид ќе се одигра во Т-Арена / СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, како што беше првично најавено.
Датумот и почетокот на натпреварот остануваат непроменети , 14 ноември 2026 година, сабота, од 18,30 часот.
Првично, поради зафатеноста на поголемите спортски објекти во Скопје, беше предвидено средбата од 10. коло во Суперлигата да се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.
Сепак, по дополнителни разговори и организациски усогласувања, во СЦ „Борис Трајковски“ беше пронајден соодветен термин за одигрување на натпреварот.
Вардар им изразува голема благодарност на раководството и на вработените во СЦ „Борис Трајковски“, кои ни излегоа во пресрет и вложија максимални напори да обезбедат термин за ова градско дерби.
Промената на салата овозможува натпреварот да се одигра во соодветен амбиент и пред поголем број навивачи.
Вардарци, се гледаме в сабота во СЦ „Борис Трајковски“! Да му ја дадеме потребната поддршка на тимот во уште едно важно дерби. 🔴⚫
Наскоро детали за билети….









