
Вардар гостува кај Висла – целта е подобро издание и први бодови
13/10/2026
Вардар на реванш во Нант – се враќа Митровиќ, без Мохаб и Кејта
20/10/2026Вардар на 28 октомври го пречекува германскиот тим Мелсунген во натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите. Средбата ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 18,45 часот.
Пред црвено-црните е уште еден голем европски предизвик на домашен терен, а поддршката од трибините повторно ќе биде важен дел од борбата за позитивен резултат.
Билетите за натпреварот се пуштени во продажба.
Цените на билетите се:
- Блокови 1, 2, 8, 11 и 16 – 400 денари
- Блокови 4, 5, 6, 7, 12, 13, 14 и 15, како и блок Г – 500 денари
- Блокови А1, А2, А3, А5 и А6 – 600 денари
Продажбата се врши онлајн преку VTickets:
https://vtickets.mk/event/rk-vardar-1961-mt-melsungen/238
Билетите ќе можат да се купат и директно во фаншопот во СЦ „Јане Сандански“, секој работен ден од 10 до 18 часот, а во сабота од 10 до 15 часот, согласно досегашниот начин на продажба на клупските билети.
Пред нас е нова европска вечер во Скопје. Обезбедете го своето место навреме и бидете со Вардар во уште еден натпревар од Лигата на шампионите.









