Gra Wybór Astat Peraplay Kasyno Zeuswin Casino _ Europa Środkowa Get Bonus Now
26/03/2026Niezrównany Teatralny Bonus Uszkodzenia polskie terytorium Win Big Today windetta
27/03/2026Ракометниот клуб Вардар започнува иницијатива за зачувување на клупската историја преку формирање на нова трофејна соба во рамките на салата „Расадник“.
Со оваа иницијатива сакаме да ги собереме и зачуваме оригиналните дресови со кои Вардар настапувал низ годините. Дел од нив веќе се наоѓаат во сопственост на клубот, но нашата желба е да ја комплетираме колекцијата и да обезбедиме што повеќе оригинални и добро сочувани дресови од различни периоди.
Секој дрес носи своја приказна. Тој е дел од некој натпревар, победа, генерација и емоција што го граделе Вардар како клуб. Затоа сакаме сите тие моменти да ги обединиме на едно место и да ги зачуваме за идните генерации.
Ги повикуваме сите навивачи и симпатизери кои поседуваат вакви дресови, а се во добра состојба и со позната сезона од која потекнуваат, доколку сакаат да ги донираат, да не контактираат. Секој дрес ќе биде прегледан од клубот и ќе биде прифатен доколку недостасува во колекцијата или е во подобра состојба од постоечкиот.
Како благодарност, клубот ќе обезбеди:
– нов дрес или комплет
– сезонски билет
– VIP пристап во салата
– средба со тимот
– организирана тура низ салата и средба со ракометарите
Ова е можност секој навивач да стане дел од историјата на Вардар и да остави свој белег во клубот.
побарај не на:
е-пошта: contact@rkvardar1961.com
телефон : 070 936 601
пишини на социјалните мрежи
Вардар е повеќе од клуб.









