
Полскиот репрезентативен пивотмен Виктор Јанковски го засилува Вардар
03/04/2025
📷 Вардар – Бутел плејоф
06/04/2025Средбата меѓу Вардар и Бутел се играше во „Јане Сандански“ бидејќи двата тима се договорија за замена на домаќинствата поради зафатеност на салата на Бутел. „Црвено-црните“ ги освоија бодовите, победувајќи со 36-26 (18-14)
Во тимот на Вардар ги немаше Георгиевски, Хансер, Мело, Аларов, Крсманчиќ, Коиј, но и без нив тимот покажа дека секогаш максимално приоѓа кон ривалите, и дава се од себе на натпреварите. Победата доаѓа како добра мотивација пред следниот дуел со Охрид.
Бутел само на почетокот имаше водство, 2-1 и 3-2, а потоа се беше во знакот на „црвено-црните“. Во 12. минута веќе имаа „плус 4“ разлика што неколкупати ја има до крајот на првите 30 минути. Потоа дојода и највисоките 14-9, а потоа и 17-12. Но, Бутел си продолжи со својата игра и намали на 14-17 во 28 минута.
Веќе во 35 минута Вардар го имаше највисокото водство, 21-15, но во следниот напад на домашните Вуко Борозан го доби третото исклучување, и поради тоа ја напушти играта, па Вардар мораше да продолжи без него.
Во отсуство на Ларс Коиј и Михаил Аларов, на линијата од шест метри играше Томче Стојановски. Милан Лазаревски иако беше во тимот на влезе воопшто во игра. Последните 15 минути од мечот почнаа со предност на Вардар од 27-22.
Во 51 минута Вардар првпат имаше „плус 7“ гола предност и како да го скрши отпорот на Бутел. Можеше Горига да зголеми на повеќе, но направи престап, а во контра Бутел намали на 30-24. Немаше време за пресврт, бидејќи Вардар знаеше да го контролира резултатот и играта, и да задржи и време. Дојдоа и највисоките дотогаш, „плус 8“, 32-24, и беше се јасно.
Вардар – Бутел 35-26
ВАРДАР: Ашраф Маргели 9 гола, Стефан Петриќ 7, Марко Срдановиќ 5,Димитро Горига 4, Томислав Јагуриновски 2, Томче Стојановски 2, Марио Танкоски 1, Матија Николиќ 2, Ален Ќосевски 1, Вуко Борозан 2.