
Полјакот Марек Марцинијак е нов член на Вардар
24/03/2025
Милош Валац потпиша двегодишен договор со Вардар
28/03/2025Претходните денови се појавија информации за играчи кои наводно од следната сезона ќе бидат дел од Вардар, и веќе се договорени сите детали.
Вистината е дека Вардар во ниту еден момент нема преговарано со тие играчи, чија желба веројатно е да бидат дел од нашиот клуб, и преку пласирање на информации во некои медиуми се обидуваат да придонесат околу остварување на истите.
Сакаме да ја информираме јавноста дека сите информации околу засилувањата ќе бидат објавени на официјалната клупска интернет страница и клупските канали на социјалните мрежи откако ќе бидат завршени сите формалности со играчите. За се сите други информации може да бидат земени со резерва и како шпекулација.
Клубот работи на формирање на тимот со кој во следните сезони ќе се натпреварува и навремено ќе бидат објавени сите детали.