Вардар го зголеми и засили стручниот штаб
28/11/2024Нов двегодишен договор за Мигел Еспиња Фереира
25/12/2024Вардар веќе работи на создавање на квалитетен и конкурентен тим и за следните сезони, а првиот кој тоа го најави е левиот бек Дмитро Горига. Најтрофејниот македонски клуб и украинскиот интернационалец се договорија за продолжување на соработката за уште една сезона, до крајот на натпреварувачката сезона 2025/2026.
Кратко траеше договорот за останување во Скопје, бидејќи и двете страни беа задоволни од меѓусебната соработка, иако Горига е дел од тимот само неколку месеци.
Сезонава покажа дека е неговото ангажирање е вистински погодок и во многу ситуации ги потврди своите голгетерски способности. Борбеноста и лојаноста кон клубот секогаш биле очигледни, и не се штедеше тоа да го покаже и на терен.
„ Како клуб работиме на формирање тим и задржување на сите играчи за кои сметаме дека можат квалитетно да му помогнат, и ангажирање на засилувања кои ќе донесат дополнителен квалитет. Во преговори сме со сите играчи кои можат да придонесат за силен Вардар, и знаеме дека изборот ќе ни донесе успех во иднина, вели Андрија Нунев, оперативниот директор на РК Вардар 1961.