Резервирај го сезонскиот билет и гледај го Вардар
27/08/2024ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ ЗА МЕЧЕВИТЕ НА РК ВАРДАР
03/09/2024Црногорскиот ракометар кој со Вардар во 2017 година стана европски првак, Вуко Борозан повторно ќе го облече „црвено-црниот“ дрес. Тој потпиша едногодишен договор со екипата со можност истиот да биде продолжен. Доаѓа како засилување за клубот пред почетокот на сезоната, а следната недела треба да се приклучи на тренизните на екипата.
Левиот бек кој е познат по својот силен шут, и кој ги трестеше мрежите како член на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година, како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, два Купа, трипати СЕХА лигата.
Во сезоната 2016/2017 кога Вардар беше европски првак Борозан даде 49 гола, од што осум на Ф4 турнирот во Келн (5 против Барселона и 3 против ПСЖ). По својата позиција Борозан е лев бек, но по потреба може да одигра и како среден бек. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.
Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.
Во моментов во Вадар има тројца членови во тимот кои се дел од шампионскиот тим од 2017 година, тренерот Владо Недановски, неговиот помошник Стојанче Стоилов и Вуко Борозан.