Вардар го ангажираше Марио Танкоски
14/06/2024Вардар ги почнува подготовките на 17 јули
08/07/2024Во следната сезона дел од екипата на Вардар ќе биде холандскиот репрезентативец Ларс Коиј. Тој игра на позицијата пивотмен, и ќе остане во Скопје најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката. Тој е првиот Холанѓанец што потпишува за Вардар, и воопшто прв играч што доаѓа во Македонија од оваа земја.
Холандија последниве години сериозно се наметнува во машкиот и женски репрезентаивен ракомет. Машката репрезентација „врза“ три настапи на последните ЕП, каде го освојуваа 17 место (2020), па беа 10. (2022) и на последното Еп го освоија 12 место. Играше и на СП 2023 година.
Ларс Коиј (23 годинаи, 199 см.) доаѓа од екипата на Хам Вестфален во Германија каде настапуваше претходните две сезони. Претходно има настапувано и за екипата на Тонден во Данска.
Квалитетите на Коиј ги препозна и Флензбург кој го ангажираше овој млад ракометар и две сезони играше за вториот тим (до 19 и до 23 години) и беше шампион на Германија со екипата до 23 години.
Со своите настапи покажа дека станува збор за одличен пивотмен кој подедкаво добро игра и одбрана и напад, и ќе им биде вистински колега на Милан Лазаревски и Михаил Аларов во тимот.
Кариерата на Коиј почнува во Холандија каде настапувал за тимот на Алсмеер се до 2018 година, кога се сели во Германија.
Репрезентативната кариера на Коиј е поврзана првенствено со младите категории каде настапувал за националниот тим до 17 и до 19 години. Има играно и за репрезентацијата на Холандија на песок, до 16 и до 17 години.
Дебитира за А селекцијата на Холандија во 2020 година против Турција. Беше дел од селекцијата на Холандија која играше на ЕП 2022 и ЕП 2024 година. Вкупно 25 натпревари има одиграно за Холандија.
„Возбуден сум поради мојот трансфер во РК Вардар. Приклучувањето кон еден ваков престижен и докажан клуб е вистинска чест. Навистина сум возбуден поради можностите и предизвиците што ми претстојат. Сакам да ги покажам своите вештини на друго ниво и да научам повеќе и различни работи за да растам како играч. Нестрплив сум да дадам се од себе на теренот и да имам позитивно влијание и на теренот и надвор од него, изјави Ларс при потпишувањето на договорот.