Матија Николиќ две сезони ќе биде дел од Вардар
24/07/2023Португалски репрезентативец е нов член на Вардар
25/07/2023Засилувањето на тимот на Вардар продолжи со ангажирањето на 21-годишниот кубански ракометар Хансер Микел Родригез. Тој го стави потписот на договорот со најтрофејниот машки македонски ракометен тим, и во следните две сезони ќе биде дел од екипата. Хансер Родригез е вториот Кубанец што ќе игра во Вардар.
Родригез беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч на последниот шампионат во април за земји во развој, каде Куба стана првак. Родригес беше петти стрелец на шампионатот и успеа да постигне 27 погодоци, од 34 удари, и имаше одлична реализација од 80 отсто.
Иако е млад, тој веќе неколку години игра во Европа и на 18 години од Куба се пресели во Португалија каде играше за Спортинг Лисабон. Со тој тим дебитираше и во Лигата на Европа, а потоа беше дел од составите на Портимоненсе и на Брага.
За првиот и вториот тим на Спортинг има одиграно 27 натпревари и постигна 63 погодоци, додека за Брага минатата сезона на 28 меча да де 86 гола.
Родригез важи за ол-раунд играч, кој покрај тоа што игра на позицјата лев бек, исто тако може да игра и како лево крило и среден бек.
Кубанскиот играч е четвртото официјално засилување за клубот досега, и тој веќе напорно работи на тренинзите со останатите играчи под водство на тренерот Владо Недановски.