Вардар – Војводина
06/04/2023Вардар отпатува за Нови Сад на реванш со Војводина
10/04/2023Уште во првото полувреме од дуелот во Скопје, во 21 минута, Вардар имаше предност од „плус 10“ за водство 17-7 како најава за сигурна и убедлива победа во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА Газпром лигата. На крајот предноста беше 38-25 (22-11) и нашиот тим е со една нога веќе длабоко на Ф4 турнирот.
Гостите во Скопје допатуваа со комбиниран тим поради обврските во домашното првенство, но ниту со таков состав Војводина не беше потценета. Напротив вардарци играа максимално мотивирани од самиот почеток. Во тимот го немаше Дејан Манасков, но затоа денеска комплетно расположен беше Јан Чувара. Полскиот репрезентативец постигна 10 гола на средбата, а во првото полувреме седумпати беше прецизен.
На голот предност доби Васил Гогов, и тој мечот го заврши со 12 одбрано, од што три седмерци. Одбраната на Вардар добро си ја заврши работата, иако подобри беа колегите во нападот.
Гостинскиот тренер Драган Кукиќ двапати во првото полувреме беше приморан да бара тајмаут. Првиот пат уште во 5 минута кога Вардар веќе имаше водство од 4-0, а потоа и во 14 минута кога водството на „црвено-црните“ беше 11-3. До крајот на средбата предност дојде до највисоките дотогаш, плус 11 за 22-11.
Почетниот грч гостите го надминаа во второто полувреме, па успеаја во 43 минута да намалат на 28-18. Но, тоа беше само момент кога Вардар поопуштено играше. Потоа во 48 минута Чувара го постигна својот 10 гол и Вардар водеше со 31-20. Па следуваа три одбрани по ред на Васил Гогов во истата акција, а во 50 минута Вардар веќе водеше со 34-20. На крајот гостите само намалија на три гола, и „црвено-црните“ го завршија мечот со триумф 38-25.
Статистика од мечот –Vardar – Vojvodina 38-25
ФОТО-ГАЛЕРИЈА
Стојан Петрушевски – помошник тренер во Вардар
„ Ние не ве потценивме и имавме видео анализа пред мечот за вашата игра од претходните натпревари. Бевме изненадени како игравте и затоа максимално фокусирани влеговме на мечот. Во спортот мора да се игра до последен момент. Во второ полувреме шанса добијат и помладите, и ја искористија како што треба.
Ова беше еден отворен меч и помалку внимание се обрнуваше на одбраната. Ни следува тежок период за десетина дена играме четири меча, Можеби и играчите малку се штедеа, а и ние игравме ракомет без фаул. И самиот меч беше таков дека примивме доста голови. Ме радува што влеговме фокусирани во мечот, и што играчите дадоа максимум.
Ален Ќосевски – играч на Вардар
Сакам да им честитам на Војводина, ние од првиот меч влеговме со најсилниот состав и одигравме максимално. Одиеме на секој меч со мисла за победа.
Драган Кукиќ – тренер на Војводина
„Настапивме со подмладен тим, бидејќи имаме згуснат распоред во домашното првенство и во европските купови. Затоа денеска не можеме да бидем еманку повеќе рамноправен противник. Физички не можевме да дојдеме со најсилниот тим бидејќи синоќа имавме меч дома. Квалитетот на Вардар во однос на овој на Војводина е огромен. Ова е огромно искуство за овие млади играчи. Игравме мечеви со Нексе и Еурофарм Пелистер. Се обидуваме да добиеме некои играчи низ овие мечеви. Нема што да им замерам за играта.
Овдека во составот има од 2004, 2005, и 2006 годиште. Оваа арена досега ја гледале само на ТВ. Башка има и публика, која доаѓа на ваков мече на ваква Војводина. Некоио не знаеја каде се. Ова е за нив нешто големо. Некои се снајдоа, некои не. Огромен квалитет на Вардар.
Мислам дека и за реваншот ќе играме со ваков состав. Играме полуфинале на европски куп, имаме амбиција да играме во финале, тоа досега не му успеало на српски клуб. Сакаме како клуб да се насочиме да одиме во тоа финале и да го подигнеме ракометот. Ќе се обидеме да пружиме малку подобра игра во реваншот. Тие с енавиканти тренеерот да ги води низ натпреварот, но тука не се слушаа моите совети поради публиката.
Александар Куртеш – играч на Војводина
„Му честитам на Вардар. Секој збор би бил вишок. Имаат одлична публика и е привилегија да се игра во таква атмосфера. Голема е разликата , но во многу сегменти бевме доста добри. Драго ни е што Вардар не не потцени, туку дека играа во најсилен состав што покажува дека и ние имаме свој квалитет“.