
Групна фаза во Лига Европа почнуваме и завршуваме со домашен меч
12/09/2025
Процедура за аплицирање за акредитација за мечевите од Лига Европа
30/09/2025По неколкудневни тренинзи со екипата, Вардар го ангажираше Жуниор Тузолана (30 години, 187 см.) кој игра на позицијата лево крило. Тој доаѓа како замена за Махамаду Кеита кој во следните месеци ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото.
Ангажманот на Тузолана е до крајот на полусезоната, со можност соработката да продолжи до крајот на оваа натпреварувачка сезона.Тој доаѓа од екипата на Сесон во Франција, каде играл последните четири сеозни.
Претходно настапувал за Понто-Комбо, Истр и неколку сезони за Нант. Лани настапи на 24 натпревари во француската лига и постигнал 49 гола