Алкалоид – Вардар
01/04/2023Вардар – Војводина
06/04/2023Првиот четвртфинален дуем од СЕХА-Газпром лигата за Вардар сезонава значи домаќинство против Војводина. Како второпласирани во групата, Вардар за ривал го доби српскиот шампион кој беше првопласиран во другата група. Победникот од овој дуел ќе игра на завршниот турнир во СЕХА Газпром лигата.
Вардар продолжува со згуснатиот распоред, па по трите натпревари за шест дена во домашното првенство сега доаѓаат плус дополнителна два од регионалната лига.
Средбата со Војводина е закажана за 6 април во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“. Билетите се веќе во продажба преку продажните места на www. mktickets.mk и пред самиот натпревар на билетарницата пред салата.
На досегашните меѓусебни натпревари, во Скопје на седум натпревари, шестпати победувал Вардар. Српскиот тим единствено во 2014 година успеал да триумфира (25-23). Лани игравме само еден меѓусебен дуел во Нови Сад во групната фаза и загубивме со 16-26.
Тимот од Нови Сад сезонава има засилен состав со неколку интернационалнци а најпознатите засилувања за Белорусинот Барис Пуховски и Тунижанецот Аиди Мохамед Азиз. Двајцата играат на позицијата на лев бек.Тука е и хрватскиот голман Фран Лучин и Словенецот Грегор Оцвирк.
Владо Недановски – тренер на Вардар
„Важен меч за нас. Ние се подготвуваме за Војводина, а и не размилсуваме за тоа со каков состав тие ќе дојдат. Малку е поинаква атмосферата сега по последниот поразот во домашното првенство, но до четврток ќе успееме да се вратите на старите победнички патеки..
Војводина доминира во српското првенство, и игра во полуфиналето на европските купови. Имаа одлични мечеви со Нексе и со Еурфарм Пелистер и победија со висока разлика, и тоа е доказ дека се добар тим.
Играат брз ракомет, со трчање, модерен. Имаат добра и цврста одбана. Не ни значи дали играме прво дома, па во гости. Некогаш е добро што дома играш прво бидејќи ќе го знаеме исходот, но сепак се играт 120 минути.
Имаме неколку повредени играчи, ќе се потрудиме да собереме сили бидејќи доаѓа период на згуснат распоред, бидејќи имаме натпревари и во првенствпо, куп и СЕХА лигата.
Немаме многу време за подготовки, но секој момент се користи за задржување на високата форма. Тешко е да издржи ритамот на 3 меча за 6 дена. Кој ќе го издржи тој ритам ќе се радува на крајот од сезоната
Гоце Георгиевски – играч на Вардар
„После еден тежок период со многу мечеви доаѓа и овој со Војводина. Нема време за тагување и размислување. Гледаме напред. Војводина игра добро во европските купови. Имаат и млади и искуни играчи. Од лани се многу поквалиттени. Првиот меч е предност што играме дома. Ние сме фаворити да го добиеме мечот со повисока разлика, и да мислиме после на вториот. Кога се брка резултат е потешко. А имаме и повеќе време за одмор, бидејќи не треба да патуваме.
Сега распоредот е згуснат, се игра постојано. Треба да се одмориме физички, но со главите да бидеме во мечот, нема право на грешки повеќе.
Имаат добра бековска линија. Пуховски знае добри да соработува со пивотменот. Имаат транзиција добра, и ние треба подобро да се враќаме во одбрана. Затоа нашата одбрана ќе биде на испит и ќе треба добро да одиграме тука, за да можеме после во напад да дадеме гол.
Судии на натпреварот се Хрватите Матија Губец и Борис Милошевиќ.