
Пуштени во продажба билетите за мечот Вардар – Алкалоид
05/11/2025
📷 Вардар – Алкалоид (09.11.2025)
09/11/2025Вардар го доби градското дерби против Алкалоид со 34-28 (17-17) и со стил го заокружи првиот дел од регуларниот дел од сезоната – 11 победи на 11 натпревари, сите дербија добиени (со Охрид и Еурофарм Пелистер), лидерска позиција и максимални 22 бода.
„Црвено-црните“ повторно покажаа карактер и квалитет кога е најважно. По израмнети 30 минути и 17-17 на полувреме, избраниците на Иван Чупиќ во вториот дел го кренаа интензитетот, ја стегнаа одбраната и одиграа серија која го реши дербито.
Клучниот период беше од 41. до 52. минута, кога Вардар од тесна предност стигна до 32-25 и целосно го скрши отпорот на Алкалоид. Во тие моменти блесна нападот, а одбраната предводена од Васил Гогов и Милош Валах ги затвори сите приоди и ги казнуваше грешките на ривалот.
Дмитро Горига беше вистински лидер во нападот – со 9 гола од 11 обиди уште еднаш потврди дека е една од најсилните офанзивни алки на тимот. Погодуваше од дистанца, од полупростор и во клучните минути ја влечеше серијата на Вардар.
Во првото полувреме се играше „гол за гол“, со серија мини-пресврти, многу енергија и голема борба. Алкалоид се потпираше на расположените стрелци и брз напад, но Вардар во продолжението ја наметна својата физичка моќ, квалитетна ротација и искуство во дерби-средби.
Со овој дерби-триумф, Вардар ја потврди формата и статусот на водечки тим во Суперлигата и влегува во следниот дел од сезоната со силен резултатски и ментален капитал – перфектен биланс, добиени клучни дуели.
Фото-галерија од натпреварот – https://rkvardar.com.mk/vardar-alkaloid-09-11-2025/
Записник од натпреварот –Zapisnik Vardar – Alkaloid









