Вардар отпатува за Нови Сад на реванш со Војводина
10/04/2023ВИДЕО: ВАРДАР 1961-ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
13/05/2023По две сезони Вардар повторно ќе игра на завршниот Ф4 во СЕХА – Газпром лигата откако двапати триумфираше во двомечот со Војводина. На реваншот во Нови Сад победи Вардар со 32-26. На првиот меч Вардар победи со 38-25.
Во Нови Сад доминираа крилата Гоце Георгиевски и Јан Чувара кои заедно постигнаа 17 гола. Георгиевски имаше 100 отстотна реализација, а полскиот интернационалец 7 гола од 8 упатени топки.
Ни требаа 40 минути да дојдеме во водство, а кога тоа се случи до кај на средбата Вардар имаше водство и победи. Во 37 минута преку Шијан домашните поведоа со 19-15. Но, потоа дојде првата серија од пет гола по ред за пресврт и водство на „црвено-црните“ од 20-19. Уште две минути Војводина беше во игра и израмни последен пат на 21-21.
Тогаш Вардар како да заигра сериозно, па со два гола на Георгиевски и еден на Чувара, македонскиот првак веќе поведе со 24-21, правејќи серија од 9-2. Тоа беше момент кога целосно беше „скршен“ отпорот на домаќните. До крај на средбара Вардар стигна и до „плус 6“ и со таа разлика и заврши средбата.
А почетокот на средбата не беше во корист на Вардар. Веќе после 7,5 мнути игра тренерот Владо Недановски мораше да бара тајмаут бидејќи тимот губеше со 1-5. И после таа минута одмор Вардар се уште не можеше да ја „збие одбраната“ и да ги „наместо нападот’. Војводина поведе со 6-1, а потоа следуваше период во кој „црвено-црните“ успеаја колку-толку да возвратат па во 14 минута намалија на 8-5. Дојдоа вардарци и на „минус 2“ во самата завршница, но сепак на одмор на полувреме се замина со предност од 15-11 за Војводина.
* Статистика од натпреварот – Војводина – Вардар 26-32
Стојан Петрушевски – помошник тренер на Вардар
„Не влеговме доволно агресивно во натпреварот. Нашиот тим беше поопуштен, што не ја намалува одличната игра на Војводина во првото полувреме. Тогаш работите дојдоа на свое место. И честитам на Војводина која покажа дека има голема иднина. Тоа е голем тим кој постигна одлични резултати оваа сезона. Им посакувам да продолжат вака. Секогаш примарна цел ни е фајналфорот во СЕХА лигата“.
Мартин Карапалевски – играч на Вардар
„Одигравме лошо прво полувреме. Особено првите 10 минути кога нашиот тим „не беше на теренот“. Му честитам на противникот бидејќи одигра брзо и многу добро. Се договоривме на полувремето да бидеме поорганизирани. Одлучи нашата поголема клупа и искуство. Сакаме да се обидеме да стигнеме до финалето на СЕХА лигата.