Нов спонзор во Вардар за стабилен тим и враќање на врвот
27/07/2023РК Вардар 1961 и “Универзитет Скопје” потпишаа Меморандум за соработка
07/08/2023По една седмица тренирање со екипата Јапонецот Косуке Јасухира (23) го потпиша едногодишниот договор со „црвено-црните“. Завршени се сите технички и административни формалности, и средниот бек Јасухира следната сезона ќе игра во дресот на Вардар.
Јасухира доаѓа како позајмен играч до Висла Плоцк, а нашиот клуб има приоритет доколку сака да го откупи негодиот договор. Тој е првиот Јапонец што ќе биде дел од Вардар.
Доаѓа од полска Висла Плоцк каде лани настапуваше и беше пријавен и за лигата на шампионите. Не доби голема минутажа поради големиот број на играчи што настапуваа на таа позиција. Претходно играше и за француски Ник, и во имаше натпревари и од Лига Европа.
Потекнува од јапонскиот Нипон Универзитет, игра на среден бек, поседува брзина и експлозивност. Веќе цела седмица тренира со Вардар, прво во Скопје а сега и во Маврово и веќе се вклопува во екипата.