Убедлива победа против Војводина во четврт-финалето на СЕХА – Гaзпром лигата
06/04/2023Вардар се враќа на Ф4 откако со пресврт и по вторпат ја победи Војводина
11/04/2023По триумфот во домашното првенство против Пролет, ракометарите на Вардар имаа 24 часа одмор, и веднаш почнаа со подготвките за реванш средбата од СЕХА-Газпром лигата со Војводина. Утринава „црвено-црните“ имаа тренинг и веднаш заминаа за Нови Сада каде утре попладне од 16,30 часот го играат натпреварот со првакот на Србија.
На првиот меч во Скопје, победија вардарци со 38-25 (22-11) и направија голем чекор кон полуфиналето на СЕХА-Газпром лигата, односно пласман на Ф4 турнирот.
За Нови Сад отпатува стандардниот тим, но без Стојанче Стоилов, Велко Маркоски, Борко Ристовски и Дарко Ѓукиќ.
Владо Недановски – тренер на Вардар
„Немаме многу време за одмор бидејќи сега имаме набиен распоред на натпревари. Вчера игравме домашно првенство, сабајлево трениравме и веднаш заминуваме за Нови Сад. Имаме голема предност од првиот натпревар, но без разлика на тоа ќе бидеме максимално фокусирани на натпреварот со Војводина. Тие во Скопје играа со комбиниран тим, но не знаеме како ќе биде сега. На секој меч одиме со мисла да победиме. Во Нови Сад ќе бидеме без Борко Ристовски, Стојанче Стоилов и Дарко Ѓукиќ. Нема што многу да менуваме во играта, треба само да го наметнеме нашето темпо. Секако ќе добијат шанса сите да играат“
Гоце Георгиевски – десно крило на Вардар
„Почнуваме да се навикнуваме на ова темпо на играње натпревар на секои 2-3 дена. Сега е најважниот дел од сезоната. Војводина одигра добро во Скопје иако на крај разликата беше висока во наша корист. Верувам дека и тие се надеваат дека може да не победат, а ние секако сериозно го сфаќаме тој натпревар. Нема што да калкулираме ниту да размилсуваме – едноставно сакаме да победиме“.