Манасков со 11 гола за 30 минути – Вардар со трет триумф по ред во плејофот
24/02/2023Манасков со 13 гола во Битола – Вардар максимален во плејофот
04/03/2023Вардар го дели само уште еден натпревар од заверка на првото место во групата од СЕХА-Газпром лигата сезонава, и „црвено-црните“ ќе бараат нов триумф на гостувањето во Белград кај Партизан. Средбата е закажана за 28 февруари во 18 часот во СЦ „Вождовац“.
Вардар во моментов е првопласиран на табелата во Б групата, пред Татран Прешов и Партизан. Со триумф, вардарци сигурно ќе бидат првопласирани.
Во првиот меѓусебен дуел сезонава на Вардар и Партизан, победи македoнскиот првак со 31-26. Сега следува реваншот, со што Вардар ќе ги заврши натпреварите во групната фаза.
Од пласманот во Б групата на екипите потоа ќе зависи и кој ќе биде противникот на Вардар во четврт-финалето на СЕХА-Газпром лигата. Првопласираниот од група Б ќе игра со вториот од Група А, а второпласираниот од Група Б со првопласираниот од Група А. Третопласираните од групите за ривали ќе ги добијат екипите на Веспрем и на ППД Загреб.
По триумфот над Бутел во петокот, „црвено-црните“ имаа неколку денови за анализа и подготовка за дуелот што следи во Белград.
Владо Недановски – тренер на Вардар
„Секако овој дуел со Партизан ќе биде поразличен меч од оној во Скопје на почетокот на месецов. Партизан е млад тим кој пред домашна публика игра добро. Ние имавме добра поддршка тука од нашите навивачи, а Партизан малку потклекна пред таа атмосфера. Во Белград сигурно нема да биде така. Сигурно ќе играат поразлично, Ниту тие ниту ние не бевме целосно подготвени тогаш, беше почеток на пролетен дел. И ние одиме на победа во Белград. Ќе ни недостасуваат Милан Лазревски и Борко Ристовски од поискусните, а од помладите во Скопје остануваат Андреј Добрковиќ и Марио Стојановски. Без ралика на противникот и теренот каде се игра Вардар секогаш ја игра својата игра надополнета со некои нови работи. Задоволсто ми е дека новите играчи се веќе целосно вклопени во новиот систем.
Ален Ќосевски – играч на Вардар
„Имавме сериозни анализи за овој меч, и секако сакаме да победиме во Белград. Треба да бидеме подобри во одбраната. Минатиот пат токму одбраната ни беше проблем.
Формата сега ни е на подобро ниво, и поподготвени сме во однос на првиот меч. Можно е Партизан да игра и нешто поразлично, но секако ќе бидеме подготвени за се.