Танкоски: Годинава немаме загубено меч во „Јане Сандански„ – се надевам тоа ќе продолжи
21/10/2024ЕХФ Лига Европа: Вардар – Порто
23/10/2024Вардар и водеше, и имаше негатива, па повторно се враќаше во игра, и покажаа „црвено-црните“ голема волја и мотив да освојат бодови. Но, немаа сила да ги издржат сите 60 минути со физички посилниот ривал. Португалски Порто во рамките од третото коло на групната фаза од Лига Европа триумфираше во Скопје, 26-22 (10-12), но Вардар може само да жали што не успеа да освои барем бод, а можеше и повеќе.
Порто го имаше и расположениот голман Рема Маркез кој одбрани кога најмногу требаше, вклучувајќчи и два пенали. Вардар тргна со водство, а потоа гостите направија серија со која стигнаа до предност од 6-3, во 13 минута. Владо Недановски мораше д абара минута одмор, а после тоа „црвено-црните“ имаа свои минути во кои не само што ја стопија предноста на Порто, туку Вардар и поведе со 7-6.
Вардар имаше минути кога играше одлично во одбрана, но имаше проблем да се сопре противничкиот пивотмен. Порто повторно направо предност од 10-9. Вардар имаше одлична можност но, имаше и четири неуспешни напади во кои требаше да погоди.
А потоа за три минути, еден сосема друг Вардар кој играше одлично во одбрана, и набрзина ги искористи своите шанси, па направи серија од 3-0 со која вардарци зголемија првпат на „плус 2“ и на одмор заминаа со предност од 12-10.
Играњето „гол за гол“ продолжи и во второто полувреме. „Двојката“ на Вардар се стопи, Порто се врати во игра, па и поведе со 17-16, па и со 19-17 во 47 минута. Тешко се пробиваше средината на одбраната на Порто, Пивотмените на Вардар беа отсечени, а ударите од далечина не доволно прецизни.
Гостинскиот голман Рема Маркез имаше двоцифрен број на одбрани и беше виновникот што домашните не можеа да направат предност. Вардар имаше негатива од 17-20, а потоа и два напади неискористени да се намали предноста на гостите на само еден гол при резултат 18-20.
Она што не го реализираше Вардар го погодија гостите, и во 53 минута поведоа со 21-18, а потоа со уште еден гол направија Вардар да биде во уште потешка ситуација. На негатива 18-22, Крсманчиќ не реализираше пенал, па во последните пет минутуи гостите имаа предност кој им даваше за право да се надеваат на бодови.
Потоа во последните минути намаливме на 23-21, но немаше сила за пресврт, и Порто се радуваше на првата победа сезонава.
EHF-202511020902065 (1) – Статистика од натпреварот
ИЗЈАВИ ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА
Владо Недановски – тренер на Вардар
Одигравме добар меч, и првото полувреме беше во корист на Вардар. Среќен сум дека игравме многу добра 5-1 одбрана, иако нападот не беше баш најдобар, но и тие играа добро во одбрана. Ни се спремавме за таа игра 7 на 6 во напад, но не беше доволно. Порто е една екипа која со тренерот Андерсон преферира да игра 7 на 6, и една од подобрите тимови која тоа го игра. Ние имавме наши шанси да се вратиме, промашивме неколу цисти ситуации, Тогаш нивниот голман одбрани кога требаше. Што е тука, е. Ќе се видиме во Португалија на реваншот.
Гоце Гергиевски – играч на Вардар
Вечерва беа подобри од нас. Првото полувреме го игравме добро, особено во одбрана, потоа тие почнаа да играа 7 на 6, и немавме многу решенија за тоа. Постигнуваа многу голови. Ние направивме и доста грешки во нападот, и тоа беше клучно
Магнус Андерсон – тренер на Порто
Навистина сум среќен за победата. Беше важна за нас, и бевме добри во одбраната. Игравме добро во одбрана, но малку лошо во напад, со некои технички грешки. Во втоиот дел игравме 7 на 6, и првпат сезонава игравме добро 7 на 6. Имавме и добар голман кој одбрани многу важни топки.
Маркес Диого – голман на Порто
Со играта 7 на 6 успеавме да победиме. После ремито во Исланд сакавме да победиме тука. Сега мораме да продолжиме да играме добро и на следните мечеви.