ПЛЕЈ-ОФ: Вардар – Еурофарм Пелистер
09/04/2024Продажба на билети за средбата Вардар – Алкалоид
29/04/2024Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот штаб за следните сезони, а како дел на таа заложба тимот ангажираше нов ракометар. Томче Стојановски (25) е дете на Вардар кој после седум години повторно се враќа во својот матичен клуб каде ги почна ракометните чекори и ги мина сите младински категории.
Стојановски игра на бековска позиција и е еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Лани беше прогласен за најдобар одбранбен играч во изборот на специјализираниот ракометен портал „24ракомет“ каде гласаа читатеи, новинари и тренерите од Супер лигата.
Откако ги мина младинските категории, под водство на Зоран Петковски и на Стојан Петрушевски, тогаш младиот Стојановски стигна и до вториот тим на Вардар. Но, стигна покана од тимот на Бутел кој тогаш почна да се натпреварува и со овој скопски клуб ги постигна најголемите успеси, меѓу кои и играње во европските купови.
Вардар со Стојановски добива засилување во одбраната, но секако и подолга клупа за нападот. „Црвено-црните“ го задржаа костурот на тимот и со новите засилувања повторно подготвуваат конкурентен тим за домашното првенство и за настапот во европскит екупови.
„Потекнувам од школата на Вардар и секако ми годи оваа покана. не се двоеумев многу. Ги минав сите млади категории во овој клуб, и среќен сум што клубот ме следеше во претходните сезони, а јас со своите настапи им го привлеков вниманието. Конкуренцијата во Вардар е голема, но јас сум подготвен за борба, и знам дека секоја конкуренција е добредојдена. Сакам да освојувам трофеи со Вардар, и убеден сум дека овој тим тоа го може. Едвај чекам да почнам да тренирам и грам со моите нови соиграчи, вели Томче Стојановски.