Младен Крсманчиќ е нов играч на Вардар
13/06/2024Репрезентативец на Холандија го засилува Вардар
24/06/2024Македонскиот бек Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на Вардар. Повремениот македонски репрезентативец кој игра на позицијата среден бек ќе го облече „црвено-црниот“ дрес и доаѓа како играч од кого многу се очекува во иднина, играч кој има огромен потенцијал.
Танкоски потекнува од Струга од каде доаѓаат голем број на ракометни таленти и докажани ракометари. Во својата кариера Танкоски играл за екипата на Металург 2, потоа за Металург и по четири сезони поминати во Битола се враќа во Скопје. Зад себе има две титули и еден Куп на Македонија.
Во репрезентацијата на Македонија играше на СП 2019 година и на ЕП 2020 година.
„Се радувам на моето доаѓање во Вардар после неколку неуспешни обиди. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на управата и на стручниот штаб, и секако на добри резултати во следните сезони, изјави Марио Танкоски.
Танкоски ќе му се стави на располагање на тренерот Владо Недановски во средината на јули ког апочнуваат подготовките на тимот.