Десното крило Мигуел Пинто доаѓа во Вардар
29/05/2024Репрезентативец на Тунис доаѓа во Вардар
06/06/2024На наше големо задоволство денеска бевме домаќини на децата од „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа Скопје“, кои присуствуваа на тренингот на првиот тим на РК Вардар.
На покана на нашиот Извршен директор, Борко Ристовски децата одблиску и на самиот терен се запознаа со играчите и стручниот штаб на Вардар, го проследија тренингот и добија подароци од клубот, и заедничка фотографии со играчите за спомен.
Нашата сала во СЦ „Јане Сандански“ е една од ретките што има пристап за лица во колички, и на натпреварите на Вардар често сме домаќини на лица кои вака ги следат нашите натпревари кои секогаш се наши добредојдени гости.