Очекувам публиката да биде со нас, бидејќи во следните месеци доаѓаат силни, интересни и важни натпревари
25/01/2023Прв триумф во СЕХА – Газпром лигата во новата сезона
01/02/2023Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето кај Татран Прешов со 27-23 во првото коло од новата сезона во регионалната СЕХА лига. Без ниту еден ден заеднички тренинг со комплетен состав тимот отпатува за Прешов, а се приклучија и репрезентативците кои настапуваа на СП во Полска. Мартин Томовски, Филип Талески и Гоце Георгиевски само што се вратија од Полска веднаш заминаа со тимот за Прешов. Единствено Дејан Манасков остана во Скопје.
Македонскиот првак по добриот старт, попушти со реализацијата, дозволи домашните да се одлепат на предност од три гола, која во вториот дел беше дуплирана. Најмногу поради нереализираните шанси и одличниот голман на домашните, „црвено-црните“ не успеаја да освојат бодови од Прешов.
Во текот на среднатаВардар иако се доближи на минус еден во финишот, немаше сили за комплетен камбек во мечот и мораше да се помири со пораз.
По 3-3 на стартот, Талески погодваше и Вардар се одлепи на највисока предност, 6-3, а беше и 7-4, пред „црвено-црните“ да влезат во лоша серија. Домаќините почнаа да ги релизираат своите шанси а вардарци промашија два удари од седум метри и следуваше комплетен пресврт.
Словачкиот првак направи серија од пет гола по ред за 9-7 и Вардар оттогаш бркаше негатива. Георгиевски за момент ја намали предноста на домашните, но до крајот на полувреме немаше големи промени и Татран замина на пауза со плус три, 14-11.
Карапалевски намали на 15-14 на стартот на вториот дел, но по една нова серија грешки на вардарци, Татран избега на плус пет, 21-16.
Новото вардарово засилување Дутра Фереира намали на 22-18 на десетина минути до крајот, а Бразилецот погоди и од пенал за 22-19. Taтран сега влезе во лоша серија, Томовски фати два нивни удари и Вардар се доближи на минус еден, 22-21. Касаткин со гол ја прекина вардаровата серија и беше 23-21, на пет минути до крајот.
Одново Татран имаше плус три, 24-21, Стојановски и Мишевски најавија возбудувања во финишот, но Лопез со голот од пенал и Рабек ги решија дилемите и беше јасно дека бодовите ќе останат во Прешов.
Талески беше најдобар стрелец со осум гола кај Вардар, а по четири пати реализираа Карапалевски и Георгиевски, додека кај Татран искусниот Рабек погоди десет пати.
Вардарци во второто коло на домашен терен ќе играат против српскиот вицепрвак Партизан.
- Статистика од мечот ТАТРАН – ВАРДАР 27-23 Tatran – Vardar statistika