Блесок на Лазаревски, Савревски и Добрковиќ за нов триумф
06/12/2022Вардар со максимален број бодови во битка за титула. Победа во Струга
14/12/2022Во дуел на првопласираниот и последниот на табелата во Група А од машката Супер лига, фаворитот Вардар очекувано, лесно и убедливо го победи Куманово со 37-21 (23-8). Домашните ракометари само ја потврдија лидерската позиција и пласманот во плјеофото со максимални три бода, додека Куманово ќе се бори за опстанок и ќе игра во плејаут групата.
Кумановци се уште имаат шанса да пренесат еден бод во разигрувањето за опстанок, и тоа ќе биде познато по одигрување на последното коло кога се домаќини на Прилеп.
Како што почна мечот неизвесно беше само со колкава разлика ќе победи Вардар. Тренерот Владо Недановски мечот го почна со „втората постава“, и единствено топџијата Филип Талески и средниот бек Мартин Карапалевски играа од почетокот. Талески постигна четири гола во првото полувреме, а потоа му гоотстапи местото на Добрковиќ. Шанса да играат добија и Јан Чувара и Алан Ќосевски на крилата, Давид Саврески и Васил Гогов.
Во тимот единствено ги немаше капитенот Стојанче Стоилов кој од трибините ги бодреше соиграчите, и Марко Мишевски. До крајот на мечот добра минутажа добија и крилото Марио Стојковски.
Гостите единствено поведоа со 1-0 во 2. минита преку Даниел Постоловски, а потоа само Вучко Мрвовиќ се обидуваше да држи некоја рамнотежа. Брзо поведе Вардар на 6-2 , а потоа и 11-4 како најава за новиот триумф на домаќините. Првпат „десетката“ беше раситнета во 25 минута кога Вардар имаше водство 17-7.
Кај гостите само тројца стрелци имаше во првиот дел, Вучко Мрвовиќ, Давид Цветковски и Даниел Постоловски. На спротивната страна деветмина играчи постигнуваа голови. Голманот на Куманово Стефан Кимевски одбрани еден пенал и уште пет топки во овој дел од мечот.
Само што почна второто полувреме Вардар дојде до највисоките 25-9 во 32 минута. Истата предност Вардар ја имаше и во 49. минута кога водеше со 32-16 и 33-17 во 51 минута. На крајот разликата беше повторно „плус 16“, за краен резултат 37-21.
Алан Ќосевски со 12 гола беше најефикасне на мечот, Давид Савревски 7, а Јан Чувара пет гола. Кај Куманово Вучко Мтвовиќ даде 10 гола.
Во последното коло од регуларниот дел по групи Вардар гостува кај Струга, а Куманово е домаќин на Прилеп.