Продажба на билети за мечот Вардар – Порто
17/10/2024Вардар на крајот попушти против Порто
23/10/2024Вардар пред домашна публика, утре (вторник, 22 октомври) го игра својот трет натпревар од групната фаз аод Лига Европа. Противник е Порто од Португалија, и мечот е закажан за 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански“. На прес конференцијата пред натпреварот присуствуваа тренерот Владо Недановски, и бекот Марио Танкоски.
„Мечот со Порто знаеме колку е важен, доколку сакаме да ја поминеме групата. Во првото коло имавме добро издание пред домашна публика, а потоа во Мелсунген не беше како што посакувавме и загубивме убедливо. Тоа е веќе минато, размислуваме за дуелот со Порто, анализираме и тренираме за средбата. Добро се покриени на сите позиции со квалитетни играчи. Свесни сме и зрели колку овој натпревар значи за Вардар. Нема штедење и размислување, една и единствена опција е победата, вели Владо Недновски, тренерот на Вардар.
Противникот е веќе анализиран, и остануваат уште детали што треба да се доработат на тренинзите.
„Предноста на Порто е тоа што играчите им се искусни во Европа, што не е случај во нашата екипа. Најголемата опасност од Порто доаѓа од среден бек, како и нивните кружни напаѓачи кои се крупни и прават проблеми. Имаат добар голман и играат брз и модерен ракомет. Денес ќе доработиме на тренинг како може да се подготвиме за добар резултат, вели Недановски.
Португалскиот тим беше редовен учесник во Лига на шампионите, а сега игра во Лига Европа. За скопјани важно е да освојат бодови пред домашна публика.
„Нè очекува многу важен натпреварот со Порто за пласман во наредната фаза на ЕЛ. Според сите нас, ова е најважниот меч за нас и единствена опција е да го добиеме. Со победа нема да бидеме сигурно во следна фаза, туку правиме голем исчекор кон нокаут рундата, а тоа е наша цел. Имаме шанси за да ја исполниме целта и покрај повредените играчи. Годинава немаме загубено меч во Јане Сандански и се надевам дека тоа ќе продолжи така“, изјави Марио Танкоски.