
Вардар подготвен за стартот на Европската лига – Сесвете гостува во „Јане Сандански“
13/10/2025
📷 Вардар – Сесвете (Лига Европа)
15/10/2025Вардар со победа ја започна новата сезона во Европската лига на ЕХФ, совладувајќи го хрватскиот претставник Сесвете со резултат 34-29 (19-15). Иако „црвено-црните“ на моменти си ја комплицираа играта, на крајот сепак ја потврдија својата класа и ја оправдаа фаворитската улога пред домашната публика.
Вардар започна силно – водство од 7-3 и 9-4 во првите минути беше сигнал дека мечот ќе се одвива во нивен ритам. Но, гостите од Загреб одговорија по тајм-аутот на тренерот Игор Вори, враќајќи се во игра и намалувајќи на само гол разлика (16-15). Сепак, во завршницата на првото полувреме вардарци направија мини-серија од 3-0 и заминаа на одмор со водство од 19-15.
Во второто полувреме, Сесвете успеа да го израмни резултатот (21-21), но тоа само ги „разбуди“ вардарците. Следуваше серија во која блеснаа Филип Талески, Вуко Борозан и капитенот Гоце Георгиевски, со што Вардар повторно се одлепи на сигурна дистанца. Талески со „проектил“ од девет метри во 53. минута зголеми на 30-24, а по вториот погодок на Борозан, скопјани веќе беа недостижни.
Публиката во „Јане Сандански“ повторно беше „осмиот играч“ и со громогласна поддршка ја испрати првата европска победа оваа сезона.
Тренерот Иван Чупиќ може да биде задоволен од резултатот, но најави дека тимот ќе мора да работи на концентрацијата во одредени делови од натпреварите.
„Имаше моменти кога сами си го комплициравме мечот, но важно е што покажавме карактер и завршивме како што доликува на Вардар – со победа. Оваа победа ни носи самодоверба за натпреварите што следуваат,“ изјави Чупиќ по мечот.
Во следното коло Вардар ќе гостува кај францускиот Тулуз, кој вечерва ја започнува својата европска кампања против шведскиот Кристијанштад.
ФОТО-Галерија од натпреварот – https://rkvardar.com.mk/vardar-sesvete-liga-evropa/
Записник од натпреварот – Vardar vs Sesvete