• РАКОМЕТЕН КЛУБ ВАРДАР 1961
retina-logo_retretina-logo_retretina-logo_retretina-logo_ret
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
FAN SHOP
✕
  • Home
  • Интервју
  • Недановски: Во новата сезона со иста цел – победи и титули
Леонардо Дутра Фереира го засилува Вардар
28/12/2022
Јагуриновски и Аларов од јануари членови на Вардар
13/01/2023

Недановски: Во новата сезона со иста цел – победи и титули

13/01/2023

Вардар викендов ја почнува новата сезона во првенството на Македонија како бранител на двојната круна. По играњето на турнирот во Струга и четврт-финалето од СЕХА лигата, за „црвено-црните” почнуваат натпреварите од групната фаза во домашното првенство .

Сезонава во домашното првенство ќе играат 16 екипи поделени во две групи. Во групата со Вардар се екипите на: Струга, Куманово, Вардар Неготино, Бутел, Охрид, Прилеп и Алкалоид. Првите четири тимови по регуларниот дел ќе продолжат да разигруваат за титулата.

Првиот тим по регуларниот дел ќе пренесе 3 бода, второпласираниот 2, третопласираниот 1 и четвртопласираниот ќе биде без бодови. Потоа се играат уште 14 колаво разигрувањето за титулата.

„Почнуваме нова сезона во домашното првенство и без разлика на се нашата цел е иста, освојување на титулата и купот во Македонија. Тоа што сега нема да играме во европските купови ќе ни овозможи повеќе да се воигруваме и на младите да им даваме поголем ашанса. Сакаме што повеќе млади играчи да бидат дел од првиот тим, а тоа ќе го направиме низ мечевите во првенството. Без разлика на се, никого нема да потценуваме ниту да се однесуваме како фаворити. Важно е да прене Имаме добар тим и ќе сториме се да бидеме конкурентни и да играме добро„ вели Недановски.

Првиот натпревар Вардар го игра на гостински терен против тимот на Вардар Неготино. „Црвено-црните” патуваа на мечот во комплетен состав и со размислување да се победи.

„Нема слаби и јаки екипи, сите подеднакво сериозно ќе ги сфатиме. Ни требаат натпревари каде ќе играме и ќе ја подигаме формата. Одиме во Неготино да играме и секако размислуваме само за победа, вели Недановски.

Share

Related posts

25/01/2023

Очекувам публиката да биде со нас, бидејќи во следните месеци доаѓаат силни, интересни и важни натпревари


Read more

АДРЕСА:
С.Ц. Јане Сандански
Бул. АСНОМ бр. 1, 1000 Скопје
Република Македонија


football2ardar_logo

СЛЕДЕТЕ НЕ

© 2023 RK Vardar 1961 | All Rights Reserved
  • ДОМА
  • ЗА КЛУБОТ
  • ЕКИПА
  • ВЕСТИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • ПОРАНЕШНИ СОСТАВИ
  • КОНТАКТ
FAN SHOP