ВАРДАР – БУТЕЛ
24/02/2023Вардар на мегдан со Партизан за прво место во групата во СЕХА-Газпром лигата
27/02/2023Вардар продолжува со максималниот учинок во плејофот и разигрувањето за титулата откако на домашен терен со 36-18 (16-8) го победи Бутел, по третпат сезонава. Дејан Манасков постигна 11 гола за едно полувреме, сите во вториот дел како потврда за квалитетот на „црвено-црните“.
Средбата против Бутел беше последна контрола за вардарци пред заминувањето за Белград каде во вторник го играат последниот меч од СЕХА-Газпром лигата против Партизан.
Гостите од Скопје се држеа само во почетните 15-тина минути од средбата. По нерешените 3-3, гостите со погодоците на Мартин Манасков и Мајиќ зголемија на плус два гола разлика, 5-3, но не успеаја да се прилагодат на динамичната игра на ,,црвено-црните”.
Вардар со серија од 4-0 го презеде водството во свои раце, поведе со 7-5 и до крајот на првиот дел лесно се справуваше со составот на Бутел, кој влезе во криза.
Очигледна беше разликата, мотивацијата и пред се квалитетот во играта. Вардар ниту еднаш не побара тајмаут на средбата, а Бутел тоа го направи во 13 минута. Потоа веќе не само што беше јасно дека победникот е познат туку и сите чекаа мечот да заврши.
Тренерот Владо Недановски им даде шанса на сите, комбинираше во играта, ги ротираше играчите, па така повеќе минутаа во првото полувреме доби Леонардо Дутра кој постигна и 4 гола.
Како одминуваше времето растеше предноста на домаќините, разиграни беа Моралес, Фереира, Ќосевски… и со неколку серии ракометарите на Недановски ја зголемуваа разликата во своја корист и на пауза заминаа со убедливо водство од 16-8.
Во продолжението Недановски шанса им даде на останатите ракометари од клупата кои ја оправдаа довербата, одиграа дисциплинирано во нападот и направија поубедлива разлика. Тимот на Бутел веќе капитулираше во првото полувреме и во вториот дел се трудеше да ја подобри играта и да ги сведи грешките на минимум.
Вардар последниот период го одработи рутински, додека составот на Бутел никако не можеше да ја преполови негативата, па така целосно се измешаа поставите кај двата табота. Домашниот тим во финишот влезе со предност од 30-17 и го водеше натпреварот до убедлив триумф.
Одлична партија во победничката екипа одигра Дејан Манасков, постигна 11 гола, сите во второто полувреме.
Владо Недановски – тренер на Вардар
„Секако дека е добро што победивме, навистина бевме подобри, и сите што беа во составот настапија. Сакамве да имаме повеќе ротација, да се воиграат сите, и оние што дојдоа на полусезона. Сега постојано ја подигаме формата, и сите влегуваат во ритам. Бевме сконцентрирани само на Бутел, иако за неколку денови не чека средба со Партизан. Сега имаме ден одмор, а потоа уште два дена за тренирање, анализа и подготовка“.
* Статистика од натпреварот – Vardar-Butel 36-18
* Фотогалерија од натпреварот –