#ЕденЖивотЕднаЉубов
ИСТОРИЈА НА
РАКОМЕТНИОТ КЛУБ ВАРДАР
РК Вардар од Скопје е најуспешниот ракометен македонски клуб во историјата на машкиот ракомет. Првиот и единствен тим што ја има освоено Лигата на шампиони, и прв клуб во Македонија што двапати ја освојува ЕХФ Лигата на шампиони во период од три години. Петпати е освојувач на СЕХА лигата.
Клубот зад себе има богата и долга традиција. РК Вардар 15 пати бил првак на Македонија, 15 пати го освојувал Купот на Македонија и трипати е победник на Супер Купот. Тоа се резултати што досега никому не му успеало.
Има рекордни 15 титули во Купот на Македонија (1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2021 и 2022) со што е најдоминантен клуб во македонскиот ракомет.
РК Вардар своите 5 трофеи во Регионалната СЕХА лига ги освои во 2012, 2014, 2017, 2018 и 2019година и е првиот тим што има освоено пет трофеи и три сезони по ред бил првак на лигата.
Во сезоната 2016/17 клубот го постигна најголемиот успех, стана европски првак триумфирајќи на Ф4 турнирот во Келн. На патот до тој успех беа победени Барселона во полуфиналето, и ПСЖ во финалето. Тоа беше сезона во која за првпат македонска машка екипа стигнува до Ф4 турнирот и како дебитант станува европски првак.
Како победник во ЕХФ лигата на шампионите, Вардар во 2017 година настапи и на неофицијалното клупско СП во Катар каде го освои третото место.
Во истата сезоната, 2016/17, по третпат беше освоена и регионалната СЕХА Газпром лига со триумфот на Ф4 турнирот во Брест, Белорусија а сезона 2017/2018 го повтори успехот и тоа на домашен терен во својата арена Јане Сандански станувајќи единствен клуб со освоени четири пехари од СЕХА Газпром лигата. Рекордите што ги постави РК Вардар продолжија и во сезоната 2018/2019 кога тимот повторно триумфираше во регионалната СЕХА Газпром лига. На Ф4 турнирот повторно во Брест, „црвено-црните“ повторно доминираа и ја освоија рекордната петта титула. Со пет титули тие станаа најуспешниот тим во СЕХА лигата.
На европската ракометна сцена РК Вардар дебитираше во сезоната 1993/94 во натпреварите од Купот на ЕХФ. Во ЕХФ Лигата на шампионите трипати стигна до четвртфиналето и тоа три сезони по ред, што досега не му успеало на ниту еден машки клуб во Македонија. РК Вардар три пати беше полуфиналист во Купот на победници на Купови (1998/99, 2004/05 и 2010/11), еднаш играше во четврт-финалето на КПК (2006/07), а еднаш беше четвртфиналисти во Челинџ купот (2005/06). Со тоа РК Вардар е најсупешната машка екипа од Македонија во ЕХФ лигата на шампионите со шест настапи во Топ-8 и трипати настапи на Ф4 турнирот во Келн.
Во своето прво европско полуфинале во сезоната 1998/99, РК Вардар загуби од Адемар Леон (27:29, 20:35). Во второто полуфинале во КПК (2004/05) не успеа да го мине РК Загреб (23:21, 26:34), а во третиот обид (2010/11) непремостлива пречка беше Гумерсбах (21:33, 29:38). Во сезоната 2013/14 ракометарите на РК Вардар го остварија дотогаш најголемиот успех во клупската историја во ЕХФ Лигата на шампионите, со пласманот во четвртфиналето, кога беа елиминирани од бундеслигашот Фленсбург (24:22 ; 25:27), кој на завршниот турнир во Келн ја освои највредната европска титула. Потоа следуваа уште две сезони каде повторно игравме во четвртфиналето.
Во таа сезона, 2013/14, клубот добива и нова раководна структура. Нов сопственик на клубот е Сергеј Самсоненко, а Михајло Михајловски стана почесен претседател.
Натпреварите од домашната Супер лига, СЕХА Газпром лигата и ЕХФ Лигата на шампионите од сезоната 2014/2015, Вардар ги игра во салата во СЦ "Јане Сандански", која е со капацитет од 6.500 седишта.
На 4 јуни 2020 година, клубот се пререгистрира под името РК Вардар 1961. Старо-новиот сопственик, компанијата Ватростална на чело со Михајло Михајловски кој по пауза од 8 години повторно е претседател на клубот.
ИСТОРИЈА
19611961 започнува приказната на Вардар
РК Вардар е основан во 1961 година, како дел од Спортското друштво Вардар од Скопје кое постои од 1947 година. Позначајниот подем на клубот почнува во последната деценија од минатиот век.1993/94Европски натпревари
На европската ракометна сцена РК Вардар дебитираше во сезоната 1993/94 во натпреварите од Купот на ЕХФ. Во ЕХФ Лигата на шампионите трипати стигна до четвртфиналето и тоа три сезони по ред, што досега не му успеало на ниту еден машки клуб во Македонија. Три пати беше полуфиналист во Купот на победници на Купови (1998/99, 2004/05 и 2010/11), еднаш играше во четврт-финалето на КПК (2006/07), а еднаш беше четвртфиналисти во Челинџ купот (2005/06). РК Вардар е најсупешната машка екипа од Македонија.2012Регионална СЕХА лига
РК Вардар има 5 трофеи во Регионалната СЕХА лига (2012, 2014, 2017, 2018, 2019) и е првиот тим што има освоено пет трофеи и три сезони по ред бил првак на СЕХА лигата. Вардар е и прв победник во СЕХА лига. На 15 април 2012 година во финалето во Загреб, Вардар ја освои првата титула во СЕХА лигата2016/17 ЕХФ лига на шампиони
Во сезоната 2016/17 клубот го постигна најголемиот успех, стана европски првак триумфирајќи на Ф4 турнирот во Келн. На патот до тој успех беа победени Барселона во полуфиналето, и ПСЖ во финалето. Тоа беше сезона во која за првпат македонска машка екипа стигнува до Ф4 турнирот и како дебитант станува европски првак.04.06.2020Клубот повторно го превзема Ватростална
На 4 јуни 2020 година, клубот се пререгистрира под името РК Вардар 1961. Старо-новиот сопственик, компанијата Ватростална на чело со Михајло Михајловски кој по пауза од 8 години повторно е претседател на клубот.