ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ ЗА МЕЧЕВИТЕ НА РК ВАРДАР
03/09/2024Во продажба билети за дербито Вардар – Еурофарм Пелистер
23/09/2024Почетокот на сезоната Вардар го дочекува со мотив, надеж и желба и сезонава да биде фактор, да биде во игра за трофеите, и да се врати на тронот каде досега 15 години беше. Пред сезоната „црвено-црните“ играа на два турнири, во Струга и во Охрид, и беа финалисти, токму против ривалите за кои сезонава се смета дека ќе бидат исто така кандидати за висок пласман.
Во Охрид триумфираа вардарци откако го победија Алкалоид во финалето, а на турнирот во Струга игравме во финалето, и дури во последните минути дозволивме Еурофарм Пелистер да стигне до трофејот.
Сега почнува новата сезона каде секој меч ќе биде важен. Лигата е скратена на 12 екипи, ќе се игра еднокружно во првиот дел, а потоа првите шест ќе продолжат во плејофот да се борат за титулата.
„Спремен е Вардар за новата сезона, Направивме добри подготовки, одигравме неколку контролни средби, настапивме на два турнири. Целите остануваат исти, без разлика дали Вардар има или нема играчи, и какви се тие, целите се секогаш тие. И претходните две сезони бевме доста блиски до титулите, а ги загубивме заради тој недостаток на ротација. Сега не можеме да кажеме дека немаме играчи. Имаме над 20 играчи кои се идентични по квалитет и можат да покријат добро и во напад и во одбрана. И сега се освен освоена титула ќе биде неуспех за овој Вардар, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.
Сезонава ќе има веројатно повеќе силни мечеви, каде секој натпревар е важен.
„И годинава се може да реши еден меч. Има многу жешки терени на кои ќе треба да се игра, има добри екипи, и Еурофарм Пелистер и Алкалоид, па и Охрид. Алкалоид покажа дека созрева, игра подбро. Игравме со нив во Охрид, на турнир, но овој меч во Гевгелиај за Супер купот беше сосема друг. Се работи за квалитетен тим. Ние стартуваме со нив, тоа прераснува во градско деби, и ќе направиме се да победиме.
Освен на домашна сцена, Вардар сезонава повторно се враќа во Европа, и тоа во групната фаза од Лига Европа. Есента ќе биде навистина интересна и полна со натпревари.
„Лига Европа не е слабо натпреварување, напротив. Ќе играме со Порто, и повеќе од сигурно и со Мелсунген и Валур, и сите тие се квалитетни тимови. Јас сум задоволен од ждрепката, бидејќи ќе играме добри и силни мечеви. И публиката тоа го сака, отколку да играме со некои неатрактивни екипи, смета Недановски.
За Вардар приоритет ќе биде домашното првенство, бидејќи тоа носи сигурен излез на европска сцена.
„Според мене најважно е домашното првенство, да можеме да се вратиме во лигата на шампионите. Ќе имаме многу мечеви сезонава, но имаме и долга клупа и квалитетни играчи.
Во текот на летото дојдоа повеќе играчи, а последниот во низата е Вуко Борозан. Со него се заокружува ростерот што ќе го има на располагање Недановски.
„Добивме големо име, и порано играл кај нас. Мислам дека имаме доволен број на играчи, Ростерот засега е затворен. Имаме и повеќе млади играчи кои ќе треба да добијат шанса, и Стојановски и Стаменковиќ. Тие сигурно ќе играат на некои мечеви. Гогов е веќе втор голман, и сериозно се бори за местото и во почетниот состав. Останува на сите нас да работиме напорно.
Во првото коло од домашното првенство, Вардар гостува кај Алкалоид во Автокоманда.