
Матеј Јовановски е новото засилување во стручниот штаб на Вардар
27/06/2025
Вардар го продолжи договорот со Васил Гогов до 2027 година
11/09/2025Пред почетокот на новата сезона РК Вардар го зголеми својот играчки ростер со уште две интернационални имиња. Во следните две сезони нови членови на „црвено-црните“ ќе бидат два средни бека, Јапонецот Харуки Кавада и Аргентинецот Николас Боно. Тие ќе се појават на подготовките на екипата на крајот од месецов.
Харуки Кавада е 19 годиншен јапонски среден бек кој доаѓа од младинска репрезентација која играше на последното СП во Полска. Таму Јапонја се пласираше во втората фаза и го освои 16 место.
Кавада на Азиското првенство минатата година беше прогласен за МВП. Го најавуваат како еден од идните најдобри играчи на Јапонијс.
Во новата сезона на позицијата среден бек ќе настапува и Николас Боно, кој има 27 години и игра за францускиот Истр. Средниот бек потекнува од Балестер од Аргентина, имаше кратка епизода и во бразилскиот Таубате. Играше за шпанските Замора и Синфин, а во тимот од Сантандер даде 140 голови на 29 меча. Потоа се пресели во Шербур, за во актуелнава сезона да го облече дресот на Истр.
Боно игра и за националниот тим на Аргентина, а во својата биографија има запишано настапи на првенството на Средна и Јужна Америка 2024, Олимписките игри 2024, како и на Светското првенство 2025.