Во продажба се билетите за мечот Вардар – Војводина
31/03/2023Алкалоид – Вардар
01/04/2023Вардар имаше шанса и да победи во последните минути од драматичниот и неизвесен мечот со Алкалоид, но наместо триумф или најмалку реми од Автокоманда се враќаме без бодови. Алкалоид триумфираше со 22-21 (13-10) што е наш прв пораз по повеќе од една година во домашното првенство.
Долго, цел меч Вардар се мачеше да најде игра со која може да парира, и дури во 56 минута успеа да поведе, 21-20. Но, оттогаш па до крајот на мечот не реализиравме ниту една шанса, и во 58 минута успеавме да изнудиме исклучување на противничкиот пивотмен.
Сепак во клучните моменти, направивме технички грешки што тешко можеше за кратко време да се исправат, и во последната минута од пенал Серафимов постигна гол за Алкалоид што се покажа дека е победнички. Ни се укажа шанса десетина секунди да имаме напад за реми, но таа акција не стигна до ситуација да се упати удар. Последниот удар од девет метри заврши во блокот на домашните.
Вардар одигра лош меч полн со не релизирани шанси и напади. Во првото полувреме во 25 минута Алкалоид го имаше највисокото водство, 13-6. Дури тогаш почна да се буди Вардар и до крајот на првиот дел намаливме на 13-10.
Во второто полувреме бевме во игра, и тие 2-3-4 гола предност на ривалот успеавме да ги намалиме, па дури и да 20-20 во 56 минута. Најави Вардар дека може д анаправи целосен пресврт, и имаше повеќе шанси за тоа. На крајот токму тие технички грешки и промашувања се покажаа како клучни.
Статистика од натпреварот – Alkaloid – Vardar 22-21