Во продажба се билетите за мечот Вардар – Алкалоид
25/05/2023Прес-конференција 19 јули 2023
19/07/2023Македонската ракометна легенда Борко Ристовски стави крај на играчката кариера и во иднина ќе биде дел од раководните струкури на РК Вардар1961. Тој ќе биде новиот Извршен директор на клубот, и беше промовиран на прес-конференцијата на клубот.
Покрај Борко Ристовски кој добива нова функција во клубот, на прес конференцијата беше промовиран и Стојaнче Стоилов како координатор на младинските категории во Вардар, и како помошник на тренерот Владо Недановски во првиот тим. Претседател на одборот на неизвршни директори ќе биде Емил Угриновски.
Сегашниот генерален менаџер, Михајло Михајловски останува во клубот, и ќе има само советодавна функција.
„Сега најдов луѓе околу себе и убеден сум Вардар ќе застане на вистински нозе. Јас нема да имам извршна функција, туку само советодавна функција, ако им требам на овие луѓе околу мене. Борко Ристовски ќе биде нов Извршен директор, Емил Угриновски – претседател на неизвршни директори, еден меѓу нив ќе биде и претставник и на Адмирал. Преговораме со неколку луѓе кои сакаат во овие тешки моменти да му помогнат на Вардар. Би им се заблагодарил на Комеријална Банка, НЛБ, Сава Осигурување, Адмирал, Ватростална, кои постојано овие години помагаа, заедно со другите спонзори, изјави Михајло Михајловски.
Новиот Извршен директор, Борко Ристовски најави стабилизација на клубот, возобновување на Ракометната Акдемија…
„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Михајловски за укажаната доверба, затоа што да се биде на оваа функција не е мала работа. Вардар е еден од најдобрите европски клубови, апсолутно најдобриот македонски клуб и тоа носи тежина и одговроност. Мене ми е чест што сум дел од тимот кој ќе го води Вардар и да го врати онаму каде припаѓа. Да му се заблагодарам на Михајловски за се што направи за Вардар и македонскиот ракомет, тој е повеќе од 30 години тука. Јас ќе се обидам сè она што го имам како контакти, пријателства и некоја тежина во спортот да го искористам и да му помогнам на Вардар.
Ова ќе биде еден поинаков чекор за мене, со големи одговорности, но подготен сум сето она што знам да го пренесам. Верувам дека ќе бидеме успешни повторно. Некоја наша цел за оваа сезона е да го стабилизираме клубот, како на финансиски, така и на играчки кадар“
Ристовски ги потврди и новите засилувања на тимот што досега се потпишани.
„Имаме потпишано 6 играчи кои сметаме дека се квалитени, и тренерите решија дека се потребни. Останува простор ако се појави некој играч што е потребен да се вклучиме во трка за него. Сега ќе почнеме со оној ростер со кој располагаме. Нови грачи се Марко Срдановиќ, Стефан Петриќ, Матија Николиќ, Нилтон Мело, Косуке Јашухира и Ансер Родригез, изјави Ристовски.
„Ќе се возобнови и ракометната академија, оформени се екипи во младинска, кдетска и пионерска екипа. Во план е отворање ракометни школи во Скопје и во цела Македонија. План е Вардар овторно да биде стабилен клуб и да произведува играчи., вели Ристовски.
Повеќе фотографии од прес-конференцијата