РК ВАРДАР – БУТЕЛ
04/12/2022Вардар 1961 пресилен за фенерџијата Куманово
14/12/2022Милан Лазаревски, Давид Савревски и Андреј Добрковиќ беа најдобрите стрелци во тимот на Вардар на дуелот со Струга што „црвено-црните” го добија со 36-23 (20-11). Вардарци остануваат лидери во Група А со максимални седум победи, како единствен тим во досегашниот дел од сезоната што нема загубено ниту еден бод.
Пивотменот Милан Лазаревски ги одигра сите 60 минути и во отсуство на Стоилов и Атанасовски, и максимално ја искористи шансата што му се укажа. Тргнаа силно вардарци од самиот почеток, ги искористија првите минути во кои погодија тоа што им се укажа како шанса, а Струга грешеше. По шест минути играње Вардар водеше со 4-1, а во периодот од 8 до 14 миниута гостите не постигна аниту еден гол, а Вардар имаше добра серија со која веќе отиде на „плус 6″ и за водство од 10-4. Давид Савревски потоа зголеми на 11-7 како најава дека „црвено-црните” нема да имаат тешка задача во освојување на бодовите.
На средбата вардарци беа без капитенот Стојанче Стоилов и Стефан Атанасовски, и повредените Анте Гаџа и Дарко Ѓукиќ. Иако беа во состав не играа ниту Дејан Манасков ниту Гоце Георгиевски. Голманите Мартин Томовски и Васил Гогов бранеа по едно полувреме.
Гостите во 24 минута првпат по подолго време намалија на „минус 4″ (15-11) користејќи го малиот пад во играта на Вардар. Но, веќе во следните две минути предноста повторно се искачи на „плус 6″ (17-11). Откако Струга не реализираше нов напад, Чувара а потоа и Куни Моралес пак погодија и Вардар со предност од 20-11 го заврши првиот дел од средбата.
Само што почна второто полувреме Вардар веќе направи предност од „плус 12″ (23-11) и таа „дванаесетка” ја одржуваше до 42 минута кога Ален Ќосевски првпат погоди за 29-16 како највисоко водство дотогаш на средбата. Високата предност што Вардар ја направи им даде можност на младиот Стојановски да игра на лево крило, Добрковиќ на плејмејкер, Савревски на десен бек па и Ќосевски одигра цел натпревар на десно крило.
Гостите од Струга за момент намалја на 29-20 во 46 минута, но тоа беше само за момент намалување под десет гола. Потоа само рутински ја завршија „домашната задача”.
Вардар – Струга 36-23 (20-11)
ВАРДАР: Манасков, Моралес 4, Георгиевски, Добрковиќ 5, Карапалевски 2, Томовски, Чувара 4, Лазаревски 6, Савревски 7, Талески 2, Стојановски 1, Ќосевски 4, Мишевски, Гогов 1.
Струга: Марковски 4, Блажевски 2, Лазаревиќ, Бугариновиќ 6, Тутенкоски, Ферукоски 1, Ѓуровиќ 1, Стрезоски, Костоски 2, Цветаноски 6, Рикановиќ, Нацев 1, Марковски.